17.6 C
Pehčevo

    ЈАВЕН ОГЛАС – за избор на директор на Општинска установа Матична библиотека ,,Кочо Рацин”-Пехчево

    Датум:

    Врз основа на член 50 став 1 точка 9 од Законот за локална самоуправа (Сл.весник на РМ бр.5/02), член 12 став 3 од Законот за библиотеките (Сл. vесник на РМ бр. 66/04, 51/11, 89/08, 116/10) и член 23 од Законот за работни односи-пречистен текст,(Сл.весник на РМ бр.34/14, 113/14)

    Градоначалникот на Општина Пехчево распишува:

    Ј А В Е Н    О Г Л А С
    за избор на директор на Општинска установа Матична библиотека ,,Кочо Рацин”-Пехчево

    1. Покрај општите услови утврдени со Законот за работни односи, кандидатите треба да ги исполнуваат следниве посебни услови:
    • Завршено високо образование со стекнати најмалку 240 ектс или VII/1 степен;
    • Најмалку 2 години работно искуство;
    • Не му е изречена мерка безбедност, забрана за вршење професија дејност или должност.
    2. Јавниот оглас ќе трае 5 (пет) дена од денот на објавувањето, а кандидатите кои ги исполнуваат општите услови предвидени од ЗРО и компетенциите предвидени во посебните услови ќе бидат повикани на интервју во рок од 8 (осум) дена по завршувањето на јавниот оглас
    Известувањето за извршениот избор се доставува до кандидатите во рок од 8 дена од денот на изборот на директор.
    3. Со пријавата кандидатите треба да приложат:
    • Оригинал диплома-уверение за завршено високо образование или заверен препис од истите;
    • Кратка биографија (CV);
    • Мотивационо писмо;
    • Програма за работа за период од 4 години;
    • Потврда за работно искуство;
    • Потврда дека немаат изречена безбедносна мерка забрана за вршење професија дејност или должност.
    4. Работни часа неделно: 40; работно време: од 08:00 до 16:00;Работни денови: од понеделник до петок.
    5. Нето плата 20 000 илјади денари.
    6. Пријавата со потребната документација треба да се достави до Управниот одбор на библиотеката, односно во просториите на Општина Пехчево ул. ,,Борис Кидрич,, бр.8 2326 Пехчево, лице за контакт: Марија Ризовски, тел: 033-441-321, со назнака за објавениот оглас за директор на ОУМБ ,,Кочо Рацин”- Пехчево.
    7. Некомплетната и ненавремено доставена документација нема да биде разгледувана.

    Градоначалник на општина Пехчево

    Игор Поповски

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Програма за одржување на јавна чистота во општина Пехчево за 2024година

    Програма за одржување на јавна чистота во општина Пехчево...

    ПРОГРАМА – Ј7 за одржување на јавно зеленило на подрачјето на општина Пехчево за 2024 година

    ПРОГРАМА - Ј7 за одржување на јавно зеленило на...

    Програма за третман на бездомни кучиња, односно нерегистрирани и регистрираникучиња за 2024година

    ПРОГРАМА за третман на бездомни кучиња, односно нерегистрирани и...