7.6 C
Pehčevo

    Известување

    Датум:

    Грб општина

    На подрачјето на општина Пехчево комуналниот отпад се собира и транспортира организирано. За таа цел од страна на општината набавено е специјално возило – камион за собирање на отпадот и 1400 типизирани канти за ѓубре и 100 контињери. За набавка на возилото – камионот, кантите и контињерите општина Пехчево спроведе оглас за доделување на договор за јавна набавка преку Бирото за јавни набавки при Министерството за финансии на РМ. Договорите се потпишани и купеното возило, кантите и контињерите се набавени и треба да бидат исплатени. За таа цел секој граѓанин на општината кој има земено канти, треба да си го подмири долгот кон општината.

    Отпадот од домаќинствата се собира во унифицирани канти и контињери. Корисниците на услуги имаат обврска задолжително да ги користат услугите за одстранување на комуналниот отпад на начин и услови утврдени со Одлуката за комунален ред на општина Пехчево, бр. 07-170/1 од 15.02.2012 година, објавена во Службен гласник на општината, бр. 30/12 од 16.08.2012 година.

    Во иднина, секое домаќинство е должно да користи унифицирани канти за отпад, поставени на места определени од страна на градоначалникот на општината.

    Не е дозволено користење на инпровизирани садови за собирање на отпад. Во спротивно ќе се постапува согласно законските прописи.

                                                                                                                                                 Општина Пехчево

                                                                                                                                                                                                                       Градоначалник

    Игор Поповски

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Прием на првачињата во детската светска организација во ООУ „Ванчо Китанов“ – Пехчево

    По повод Светската недела на детето, денес Градоначалникот на...

    Дневен ред за 29-та седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Недела на детето

    Денеска децата од големата група од ОЈУДГ „7 Септември“...

    III фаза на Еко Парк „Езерце“ во Пехчево

    Проектот III фаза на Еко Парк „Езерце“ во Пехчево,...