7 C
Pehčevo

    ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ ДА НЕ ПАЛАТ ОГАН НА ОТВОРЕН ПРОСТОР И НА НЕОБЕЗБЕДЕНИ МЕСТА

    Датум:

    Се  известуваат граѓаните на општина Пехчево да не се врши палење на сува трева и др. отпад  кој го собираат при расчистување на своите имоти. Имено, деновиве сме сведоци на зачестени пожари на отворен простор во околината на Пехчево и воопшто на поширокиот дел на територијата на општината кои се предизвикани од крајно невнимание  на несовесни граѓани со што се опожаруваат големи површини и воедно се причинува голема материјална штета. За ваквите негативни појави  согласно важечките законски прописи предвидени се големи казни за извршените кривични дела.Глобата за предизвикување на пожар  изнесува до 3000 Евра во денарска противвредност, односно согласно на законските и  подзаконски акти, предвидени се одредби  дека секој граѓанин е должен  да се однесува  соодветно и да преземе мерки за заштита од пожари на земјоделското земјиште, во шумите, на ловиштата, да  ја штити животната средина и природата, како и да го штити амбиенталниот воздух од загадување.

    Доколку  било кој се однесува спротивно на наведените закони и намерно или од крајно невнимание  предизвика пожар  со што ќе причини штета на физички или правни лица, должен е покрај глобата што ке ја плати во прекршочната постапка, да ја нодомести и предизвиканата штета.

     ПОРАДИ  ТОА  СЕ АПЕЛИРА ДО ГРАЃАНИТЕ НА ОПШТИНА ПЕХЧЕВО  ДА  НЕ ПАЛАТ  ОГАН НА ОТВОРЕН ПРОСТОР И НА НЕОБЕЗБЕДЕНИ МЕСТА, ДА НЕ ПАЛАТ СТРНИШТА, ЗЕМЈОДЕЛСКИ И ДР. ПОВРШИНИ, ДА  НЕ ПАЛАТ ОТПАД И ДР. ГОРЛИВ МАТЕРИЈАЛ, ДА НЕ ПАЛАТ ОГАН ВО ШУМА, ЛОВИШТА И НА ДРУГИТЕ ПОВРШИНИ СО КОЕ БИ СЕ ПРЕДИЗВИКАЛА МАТЕРИЈАЛНА ШТЕТА КАКО И НЕНАДОМЕСТИВА ШТЕТА  НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА И ПРИРОДА.

    Доколку забележат пожар на отворен простор должност  на секој граѓанин е најбрзо што може да го пријави во надлежните институции и активно да се вклучи во неговото гаснење. Од брзината на јавувањето, содржината и точноста на информацијата зависи и исходот, односно успехот на акцијата за гасење на пожарот.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Прием на првачињата во детската светска организација во ООУ „Ванчо Китанов“ – Пехчево

    По повод Светската недела на детето, денес Градоначалникот на...

    Дневен ред за 29-та седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Недела на детето

    Денеска децата од големата група од ОЈУДГ „7 Септември“...

    III фаза на Еко Парк „Езерце“ во Пехчево

    Проектот III фаза на Еко Парк „Езерце“ во Пехчево,...