-2 C
Pehčevo

    Граѓаните се изјаснија. Приоритет на Буџетскиот форум во Пехчево е патот Чифлик, Умлена и Робово

    Датум:

    Реконструкција на патот за Чифлик, Умлена и Робово во должина од 4 км е прв приоритет на граѓаните на Пехчево за реализација во наредната 2017 година.

    Реконструкција на патот за Чифлик, Умлена и Робово во должина од 4 км е прв приоритет на граѓаните на Пехчево за реализација во наредната 2017 година. Освен ова, на буџетскиот форум , како приоритети за пехчевци е и регулација на реката Писа по целото течение на градот, улично осветлување и шеталиште на улицата „Јулија Веселинова“, доизрадба и мост на улицата „22 Декември“ и изградба на пешачки улици во Пехчево.

    Во селските средини бараат улици, во село Црник подобрување на квалитетот на водата, во Пехчево улици и тој проект е веќе почнат. Исто така бараат изградба на градски базен, градска капела, сѐ се тоа проекти кои значително ќе го подобрат квалитетот на животот во општината, изјави Игор Поповски, градоначалник на Пехчево.

    За реализација на овие проекти, Пехчево во новиот буџет издвоил околу 60 милиони денари.

    -По гласањето, ние како општина имаме обврска да пристапиме кон релаизација на проектите одбрани од граѓаните, да подготвиме техничка документација, изјави Игор Поповски, градоначалник на Пехчево.

    Реконструкција на патот за Чифлик, Умлена и Робово во должина од 4 км е прв приоритет на граѓаните на Пехчево за реализација во наредната 2017 година.

    Инаку, пехчевци прв пат учествуваат во креирање на буџетот.

    -Како општина сме задоволни од синергијата која се јави меѓу општинската администрација и различни интересни групи од граѓаните и се роди еден нов квалитет на предлозите и граѓаните многу храбро и многу конструктивно ги искажаа своите потреби кои очекуваме од општината да ги реализира во 2017 година, изјави Љупчо Каракашовски, ЛЕР Општина Пехчево.

    Реконструкција на патот за Чифлик, Умлена и Робово во должина од 4 км е прв приоритет на граѓаните на Пехчево за реализација во наредната 2017 година.

    Граѓаните како приоритети за реализација во 2017 година до општината доставиле листа од  30, а 17 ќе бидат дадени како препораки за решавање. Нова 6 сесија од буџетскиот форум  е најавена за февруари идната година.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Дневен ред за 32-ра седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Кампањата „Општина на дланка“

    Со задоволство ја објавуваме нашата поддршка за кампањата „Општина...

    ОДОБРУВАЊЕ на Проектна Програма  ЗА ИЗРАБОТКА Н УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН РАВНА РЕКА

    Градоначалникот на Општина Пехчево, решавајќи по предлогот за одобрување...

    Донација на вода за пиење од Општина Пехчево во Општина Берово

        Дел од донацијата на вода, која беше донирана...