10.9 C
Pehčevo

    Градоначалниците Тренчовски и Пекевски остварија работна средба со француски претставници

    Датум:

    францијаГрадоначалникците од истокот, интензивно ги градат врските на развјот и соработката. На покана на амбасадорот на Франција во Македонија, Н.Е. г. Кристиан Тимоние, Градоначалникот на Општина Пехчево, заедно со градоначалниците на Општина Берово и Општина Новаци, остварија средба во резиденцијата на Франција со француските пратеници Лилјана Танги, заменик-претседател на Комисијата за европски прашања и на групата за француско-македонска парламентарна соработка и господинот Жак Мер, заменик-претседател на Комисијата за надворешни работи, коишто се членови на француската партија од мнозинството „Републиката во движење”.

    Француските пратеници, престојуваа на работна посета на Македонија, во рамките на семинарот за јакнење на координацијата и преговарачките капацитети на Секретаријатот за европски прашања, организиран со поддршка на амбасадата на Франција.

    Тројцата градоначалници се сретнаа и со Претседателот на Пратеничката група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Француската Република, господинот Панче Иванов.

    Откако се заблагодарија на амбасадорот за поканата да присуствуваат на оваа средба, градоначалниците ги претставија предизвиците со коишто се соочуваат во своите општини и можностите за нивно надминување.

    Со француските пратеници, тие разговараа за потенцијалите за зајакнување на децентрализираната соработка со Република Франција.

    Локалната самоуправа зазема значајно место во билатералната соработка. Преку неа се поврзуваат локалните власти и чинители од двете територии преку размени на искуства за процесот на децентрализација со цел да се поддржи интеграцијата на Република Македонија во Европска Унија.

    Децентрализираната соработка, развива и поддржува проекти кои одговараат на потребите на засегнатите чинители во Франција и во Македонија. Соработката се заснова на партнерства помеѓу претставници на локалните власти но и други чинители од двете територии, кои взаемните интереси и цели ги преточуваат во проекти, имајќи ги во предвид пред се потребите на граѓаните.

    Во текот на оваа работна средба, соговорниците ги утврдија заедничките потреби на општините, идентификувани по различни параметри, а коишто ќе претставуваат појдовна точка за продолжување и продлабочување на билатералната децентрализирана соработка, и имплементацијата на голем број проекти со Република Франција.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Прием на првачињата во детската светска организација во ООУ „Ванчо Китанов“ – Пехчево

    По повод Светската недела на детето, денес Градоначалникот на...

    Дневен ред за 29-та седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Недела на детето

    Денеска децата од големата група од ОЈУДГ „7 Септември“...

    III фаза на Еко Парк „Езерце“ во Пехчево

    Проектот III фаза на Еко Парк „Езерце“ во Пехчево,...