Хуманоста како една од најдоблесните особини на човечкиот род, е особина која се стекнува и се изградува уште од најмали нозе.
Како дел од хуманите активности кои се организираат деновиве во општина Пехчево, е и акцијата на учениците од ООУ„Дедо Иљо Малешевски“- Берово покрај тоа што хуманоста ја искажуваат преку поставување на кутија за собирање на средства, драмската секција ќе ја изведе и претставата “Што се случува со нашите животи“ од која сите собрани средства ќе бидат донирани за настраданите лица од поплавите во Србија и Босна и Херцеговина.
Преставата ќе се одржи на ден 29.05.2014г (четврток)во Домот на Културата ,, Јане Сандаснки ’’ – Пехчево со почеток во 20 часот, влез 30 денари.