-2.6 C
Pehčevo

    Директорот Поповски ги промовираше новите конкретни мерки и активности за вработување пред граѓаните на Пехчево

    Датум:

    Денес, во просториите при ООУ. „ Ванчо Китанов “ - Пехчево, во 17 часот, директорот на агенцијата, Влатко Поповски, се сретна со невработените лица од Пехчево. Директорот на Агенцијата за вработување на Република Македонија (АВРМ) ги презентираа планот и мерките за олеснување и субвенционирање на вработувањето наменети за невработените лица и работодавците.

    Денес, во просториите при ООУ. „ Ванчо Китанов “ – Пехчево, во организација на Пратеничката канцеларија при Собранието на Република Македонија во 17 часот, директорот на агенцијата, Влатко Поповски, оствари средба со граѓаните од Пехчево. Директорот на Агенцијата за вработување на Република Македонија (АВРМ) ги презентираа планот и мерките за олеснување и субвенционирање на вработувањето наменети за невработените лица и работодавците.
    Во работната посета на Поповски, тој разговараше на различни теми и одговараше на прашањата на присутните.

    Денес, во просториите при ООУ. „ Ванчо Китанов “ - Пехчево, во 17 часот, директорот на агенцијата, Влатко Поповски, се сретна со невработените лица од Пехчево. Директорот на Агенцијата за вработување на Република Македонија (АВРМ) ги презентираа планот и мерките за олеснување и субвенционирање на вработувањето наменети за невработените лица и работодавците.

    На средбата, присутните имаа можност од прва рака да бидат запознаени со се она што ги интересира околу вработувањата.
    Поповски им укажа на поволностите од „Оперативниот план за активните мерки и програми за вработување“ што се дел од стратегијата за вработување на Владата на Република Македонија, која преку агенцијата ги спроведува заради подобрување на животниот стандард на граѓаните.. Истовремено, одговараше и на повеќе прашања поврзани со правата и обврските на работодавачите и невработените лица.

    Директорот нагласи дека Владата на Р.Македонија овој континуитет на намалување на стапката на невработеност ќе се залага да продолжи и во иднина зашто имаме обврска кон идните генерации кои треба да имаат поповолни услови за подобар живот и солиден социјално урамнотежен економски развој.

    На средбата, на која присуствуваше и г-дин Владимир Христов, раководител на сектор во Агенцијата за финансиска подршка на земјоделието и руралниот развој, присутните имаа можност да бидат запознаени со се она што ги интересира околу надлежностите на оваа агенција.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Дневен ред за 32-ра седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Кампањата „Општина на дланка“

    Со задоволство ја објавуваме нашата поддршка за кампањата „Општина...

    ОДОБРУВАЊЕ на Проектна Програма  ЗА ИЗРАБОТКА Н УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН РАВНА РЕКА

    Градоначалникот на Општина Пехчево, решавајќи по предлогот за одобрување...

    Донација на вода за пиење од Општина Пехчево во Општина Берово

        Дел од донацијата на вода, која беше донирана...