10.9 C
Pehčevo

    Во Општина Пехчево се формираше локален младински совет

    Датум:

    Во Општина Пехчево се формира Совет на млади како советодавно тело на општината со цел младите активно да се вклучат во јавниот живот на општината. На Седница на Советот на Општина Пехчево на ден 30.10.2014г. е донесена одлука за формирање на младински совет,а на ден 26.12.2014г. од страна на советниците се избрани и челновите на младинскиот совет.

    Советот на млади го сочинуваат 7 члена и е претставник на младите, а дејствува на територијата на општина Пехчево.  Членовите на Советот се избираат со мандат од 4 години и имаат за цел да ги претставуваат младите жители на Општина Пехчево на возраст од 15 до 30 години.

    За членови на Советот на млади се именувани:

    1. Даниел Стефановски
    2. Марија Марковска
    3. Данче Киртошева
    4. Александар Андонов – Сарев
    5. Александра Богдановска
    6. Марија Ѓорѓиевска
    7. Елена Ивановска

    Локален младински совет на Пехчево во своето работење ги има одредено следните цели и задачи:

    • разгледува прашања кои се важни за работата на Советот на млади;
    • донесува Деловник за работа на Советот на млади;
    • го избира и разрешува претседателот на Советот на млади;
    • учествува во работата на Младинскиот парламент и именува свој член во истиот;
    • поднесува предлози до Советот на Општина Пехчево за идентификувани проблеми на младите на локално ниво и начини за нивно можно решавање;
    • поднесува предлози до Советот на Општина Пехчево за донесување одлуки, програми и други акти за подобрување на состојбата на младите на локално ниво;
    • дава мислење по одлуки, програми и други акти кои се од надлежност на Советот на Општина Пехчево, а кои ги засегаат младите на локално ниво;
    • изработува извештаи до надлежните органи за програмите на младите, а по потреба предлага и донесува Програма за решавање на проблемите, со цел подобрување на состојбата на млади на локално ниво;
    • предлага мерки за остварување и спроведување на одлуки и програми за грижа на млади;
    • организира работилници, предавања трибини, кампањи, манифестации и други активности во врска со младинските прашања;
    • информира и промовира за активностите на Советот на млади;
    • поттикнува соработка со младински организации од други градови на Република Македонија и
    • врши други работи.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Прием на првачињата во детската светска организација во ООУ „Ванчо Китанов“ – Пехчево

    По повод Светската недела на детето, денес Градоначалникот на...

    Дневен ред за 29-та седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Недела на детето

    Денеска децата од големата група од ОЈУДГ „7 Септември“...

    III фаза на Еко Парк „Езерце“ во Пехчево

    Проектот III фаза на Еко Парк „Езерце“ во Пехчево,...