12 C
Pehčevo

    Честитка од градоначалникот Поповски по повод Велигден

    Датум:

    Во мое лично име и од името на вработените во локалната самоуправа, на сите православни верници да Ви го честитам празникот, Воскресение Христово – Велигден.Со голема чест и радост во мое лично име и од името на вработените во општина Пехчево, на сите православни верници, Ви го честитам големиот Христијански празник – Велигден и Ви пожелувам благословени и среќни празнични денови.

    Овој ден е темелот на нашата вера, нашето постоење и нашата иднина. Денес го празнуваме чинот кога нашиот Бог ни даде можност на нас луѓето да сведочиме за неговите чуда, да учиме од неговата благост и да го следиме по неговиот пат. Велигден е празник и на семејството, на човечноста и на солидарноста, празник кој зближува и носи порака на заедништво, мир и разбирање. Ваквите вредности се темелот на развојот во било кое поле и во секоја област. Меѓусебното разбирање и почитта е енергијата која отвора можности и дава шанса за напредок.

    Велигденското празнување нека ни донесе божји благослов кој ќе допре до сите нас и кој ќе ги осветли душите на сите православни верници. Нека милоста божја биде почуствувана од сите добронамерници, нека значи среќа, мир и долговечност за сите верници и за целата наша држава Република Македонија.

    Нека Бог не чува и нека ни помогне во сите наши искушенија. Нека го зацврсти единството и нашата верба, нека ја умножи љубовта и радоста помеѓу луѓето, нека дари рожби и повеќе деца во нашите семејства, нека ни даде мудрост и сила да ги зацврстиме и унапредиме заедничките вредности на кои се развива македонското општество.

    Нека е за многу години големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден!

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    III фаза на Еко Парк „Езерце“ во Пехчево

    Проектот III фаза на Еко Парк „Езерце“ во Пехчево,...

    Изградба на локална улица бр.3 во с. Умлена, Општина Пехчево

    Проектот „Изградба на локална улица бр.3 во с. Умлена,...