8.1 C
Pehčevo

    Честитка од градоначалникот Китански по повод Меѓународниот ден на лицата со попреченост

    Датум:

    Почитувани,

    Поради Пандемијата на болеста корона вирус (КОВИД-19), денес не сме во можност да го посетиме Дневниот центар за лица со посебни потреби во Берово, поради тоа дозволете во името на Локалната самоуправа и Советот на Општина Пехчево симболично да го честитаме и упатиме силна порака на овој ден, ден кој што треба сите нас да не потсети дека овие лица постојат, дека тие се дел од нас и нашето општество.

    Драги пријатели,

    Денес треба да си го поставиме прашањето: дали попреченоста е причина за правењето разлики меѓу нас луѓето? Лично, сметам дека попреченоста не е основа за разлика, туку е основа за сличност бидејќи сите ние сме слични поради една едноставна причина – совршени луѓе не постојат! Ниту еден од нас не е совршен. Затоа, наместо за пречките кај луѓето, денес треба да зборуваме за пречките што постојат во општеството, пречки со кои, за жал, многу наши сограѓани се соочуваат секојдневно.

    Наша прва заложба како локална самоуправа треба да биде во насока на подигнување на свеста кај сите луѓе дека лицата со посебни потреби се дел од нашето секојдневие и прва работа која треба да ја направиме треба да биде во насока на подигнување на свеста дека кај овие лица прво треба да ги видиме нивните способности, а не нивните недостатоци. Кога тоа ќе го направиме тогаш сме ги отстраниле сите првични бариери за нивно вклучување во општестевното жиеење

    Интеграцијата, а не исклученоста е движечката сила на едно општество. Во тој поглед да ги направиме достапни за сите градинките, училиштата, болниците, државните институции…само на тој начин ќе покажеме дека работиме за вистинските човечки вредности. Тоа не обврзува сите нас да обезбедиме еднакви услови за остварување на правата во сите сфери – здравството, образованието, култура, вработувањето, остварување на избирачкото право…тоа значи пристап до се она што значи живеење на еден нормален секојдневен живот без препреки/пречки. Со еден збор, Ние треба да работиме во рамките на нашите можности и надлежности да носиме одлуки кои ќе го олеснуваат нивниот живот, ќе овозможат нивно полесно вклучување во сите полиња на општествениот живот,  стои во пораката на градоначалникот, Китански.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    III фаза на Еко Парк „Езерце“ во Пехчево

    Проектот III фаза на Еко Парк „Езерце“ во Пехчево,...

    Изградба на локална улица бр.3 во с. Умлена, Општина Пехчево

    Проектот „Изградба на локална улица бр.3 во с. Умлена,...