5.2 C
Pehčevo

    Соопштение за јавноста за пријавување на штети на земјоделски насади од елементарна непогода

    Датум:

    Општина Пехчево ги повикува граѓаните кои сметаат дека елементарната непогода (голомразица) што ја зафатија општината во месеците април и мај 2025 година им имаат нанесено материјална штета на нивните имоти и земјоделски насади, да пријават во просториите на општина Пехчево.

    Пријавувањето на штетите може да се изврши секој работен ден од 07:30 до 15:30 часот заклучно со 09.07.2025 година (вторник), во општина Пехчево. За подетални информации за пријавување на штетите, лице за контакт од општина Пехчево е Моника Шехтанска.

    Барањето за настанати штети можете да го превземете и по електронски пат преку пополнување на Пријавата за излез на лице место која може да ја превземете подолу.

    Комисијата ќе ги разгледа сите пријави и преку надлежната комисија ќе организира теренски увид со цел утврдување на фактичката состојба и понатамошно постапување согласно законот. Барањата ќе бидат обработени од страна на Комисијата и ќе биде изготвен првичен извештај, кој ќе биде проследен до Влада на РСМ.

     

    Покрај барањето за излез на лице место, треба да се достави:

     

    * копија од лична карта за користење на потребните лични податоци;

    * копија од трансакциска сметка на барателот;

    * изјава дека имотот не е осигуран;

    * доказ за основ на користење на земјиштето (копија од имотен лист, копија од решение за запишување на земјоделско стопанство во Единствениот регистар на земјоделски стопанства издадено од МЗШВ, копија од договор за закуп).

     

                                                                                          Општина Пехчево

      Градоначалник

            Александар Китански с.р.

    ПРЕВЗЕМИ ДОКУМЕНТ ->

    Пријава за излез на лице место

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    ADRISKY

     Пехчево домаќин на третиот проектен состанок на ADRISKY Општина...

    Донација на книги во ОУМБ “Кочо Рацин“- Пехчево

    Општина Пехчево, зa локалната Библиотека, обезбеди донација од американската...

    Дневен ред за 38-ма седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Одлука за Неспроведување на стратегиска оцена за плански документ

    Врз основа на член 65, став (6) од Законот...