6 C
Pehčevo

    Дневен ред за 36-та седница

    Датум:

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот за локална самоуправа (Сл.Весник на РМ бр.05/02 и Сл.Весник на РСМ бр.202/24) и член 21 алинеја 5 од Статутот на општина Пехчево (Сл. Гласник на општина Пехчево бр.03/2021), ja свикувам 36-та седница на Советот на општина Пехчево за ден 30.06.2025 (понеделник). 36-та седница на советот на општина Пехчево ќе се одржи во просториите на општина Пехчево, со почеток во 15:00 часот. За работа на седницата го предлагам следниот:

    ДНЕВЕН РЕД

    1. Усвојување на записникот од 35-та седница на советот на општина Пехчево;
    2. Предлог одлука за разрешување и именување на членoви на Управен одбор на ОУ ДК ,,Јане Сандански,, – Пехчево;
    3. Предлог одлука за определување на паричен надомест за одржана седница на членовите на управен одбор и надзорен одбор на ЈКП ,,Комуналец,, – Пехчево;
    4. Предлог одлука за усвојување на измени и дополнувања на Буџетот на општина Пехчево за 2025 година;
    5. Предлог одлука за давање согласност на годишен план за вработување во ОУМБ ,,Кочо Рацин,, – Пехчево за 2026 година;
    6. Предлог одлука за давање согласност на годишен план за вработување во ООУ ,,Ванчо Китанов,, – Пехчево за 2026 година;
    7. Предлог одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти за време на Фестивалот на дувачки оркестри ,,Пехчевски Павловден,, – 2025 година;
    8. Предлог одлука за определување на начинот на распределба и цената за користење на просторот на плоштадот, за вршење на дејности за време на Фестивалот на дувачки оркестри Пехчевски Павловден – 2025;
    9. Предлог одлука за усвојување на тримесечен извештај за финансиското работење на ЈКП ,,Комуналец,, – Пехчево за период од 01.01.2025 год. до 31.03.2025год;
    10. Предлог одлука за давање согласност за формирање паралелки од I до IX одделение со помалку од 20 ученици во ООУ ,,Ванчо Китанов,, – Пехчево и подрачните училишта за учебната 2025/2026 година;
    11. Предлог oдлука за усвојување на измени и дополнувања на Програмата за уредување на градежно земјиште на подрачјето на општина Пехчево за 2025 година;
    12. Предлог oдлука за усвојување на Годишен план за вработување во општина Пехчево за 2026 година;
    13. Предлог одлука за утврдување на зони за утврдување на пазарна вредност на недвижен имот, утврдување на пазарна вредност на градежно земјиште за град Пехчево и населените места во општина Пехчево и утврдување на пазарна вредност на недвижности и права на земјоделско земјиште;
    14. Предлог одлука за давање согласност и овластување за измирување односно пренасочување на средства од буџетската сметка на Општина Пехчево;
    15. Барање од граѓани;
    16. Советнички прашања;

     

    Совет на општина Пехчево

    Претседател

    Виолета Ѓорѓиевска с.р.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Дневен ред за 2-ра седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Зимско одржување на патиштата

    Се известуваат граѓаните на општина Пехчево дека согласно на...

    Јавен повик за член во Управен одбор во ЈКП „Комуналец“ Пехчево

    Јавен повик за член во Управен одбор во ЈКП...

    Јавен повик за член во Надзорен одбор во ЈКП „Комуналец“ Пехчево

    Јавен повик за член во Надзорен одбор во ЈКП...