-0.9 C
Pehčevo

    Обврски за зимскиот период

    Датум:

    Соопштение до јавноста

    Обврски за зимскиот период

            Почитувани граѓани, Во пресрет на зимскиот период, кој трае од 15 ноември до 15 март, Ве информираме за обврските на сите учесници во сообраќајот и сопствениците на објекти, согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.

    1. Обврски на Возачите Сите возачи мора да обезбедат зимска опрема за своите возила: Зимски гуми на сите тркала или синџири за снег подготвени за употреба во снежни услови. За автобуси и товарни возила, задолжителни се синџири и помагала за одмрзнување. Паркирањето на улиците и тротоарите е строго забрането во зони каде што може да го попречи движењето на возилата на „Македонија пат” и комуналните служби. Ве известуваме дека, согласно Законот за безбедност на сообраќајот и за обезбедување непречен пристап, строго е забрането паркирање на возила пред влезовите на болници, училишта и други јавни установи. Оваа мерка е од особена важност за обезбедување брз пристап на итни служби и за безбедноста на децата и сите корисници на овие објекти. Насоки за Паркирање Возилата треба да бидат паркирани во дворовите или на предвидените паркинг зони во близина на објектите, без да го попречуваат пристапот до влезовите. Непочитувањето на овие правила може да доведе до санкции и отстранување на неправилно паркираните возила. Ве молиме за разбирање и одговорност при паркирањето, со цел заедно да придонесеме за безбедноста и непреченото функционирање на јавните установи.

    2. Обврски на сопствениците на објекти Сите сопственици на деловни и приватни објекти се обврзани да ги исчистат тротоарите и пристапните патишта пред нивните објекти од снег и мраз. Исчистениот снег не смее да се фрла на улицата и тротоарите туку треба да биде отстранет на начин кој не го загрозува движењето на пешаците и сообраќајот.

    3. Обврски на Комуналните служби и „Македонија пат” Возилата на „Македонија пат” и комуналните служби имаат приоритетен пристап до сите главни патишта и јавни површини за чистење на снегот. Ќе се обезбеди редовно и навремено одржуванье на патиштата, особено во близина на училиштата зоните со висок пешачки сообраќај.

    4. Санкции Непочитувањето на обврските за зимска опрема и чистење може да доведе до санкции, согласно Законот за безбедност на сообраќајот.

    xr:d:DAEpWEtxrZ0:26,j:212084139274588580,t:24010914

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Дневен ред за 32-ра седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Кампањата „Општина на дланка“

    Со задоволство ја објавуваме нашата поддршка за кампањата „Општина...

    ОДОБРУВАЊЕ на Проектна Програма  ЗА ИЗРАБОТКА Н УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН РАВНА РЕКА

    Градоначалникот на Општина Пехчево, решавајќи по предлогот за одобрување...

    Донација на вода за пиење од Општина Пехчево во Општина Берово

        Дел од донацијата на вода, која беше донирана...