Врз основа на член 50 став 1 точка 12 и 14 од Законот за локална самоуправа (Службен Весник на РМ бр. 05/2002 и службен весник на Република Северна Македонија бр.202/2024), член 10 и член 11, а во врска со член 52 став 1 и став 6 од Законот за административни службеници (Сл. весник на РМ бр. 27/14, 199/14, 48/15, 154/15, 05/16, 142/16 и 11/18 и Службен Весник на Република Северна Македонија бр. 275/19, 14/20, 215/21, 99/22 и 208/24), а согласно член 7 точка 1 и 2 од Правилникот за систематизација на работни места во Општина Пехчево бр. 01-1396/1 од 28.11.2023 година, Градоначалникот на Општина Пехчево на ден 23.07.2024 година донесе:
О Д Л У К А
За избор на кандидат по интерен оглас бр.01/25 за унапредување на административен службеник
член 1
Градоначалникот на општина Пехчево на ден 18.07.2024 година донесе одлука за избор на кандидатот Анетка Цветковска за работно место Раководител на одделение за финансиски прашања шифра УПР0101Б04000 во Одделение за финансиски прашања во Општина Пехчево.
член 2
На ден 03.07.2025 година од страна на Градоначалникот на општина Пехчево беше објавен интерен оглас за унапредување бр.01/25 за работно место Раководител на одделение за финансиски прашања шифра УПР0101Б04000 во Одделение за финансиски прашања во Општина Пехчево. На ден 15.07.2025 година во просториите на Агенција за администрација беше извршена административна селекција од страна на комисијата и е изготвен записник со број 03-662/4 од 15.07.2025 год. во кој е констатирано дека кандидатот продолжува на интервју. По извршеното интервју е донесена ранг листа на кандидати со која се констатира дека кандидатот Анетка Цветковска има освоено вкупно 40,55 поени и истата е доставена до Градоначалникот на општина Пехчево, по што Градоначалникот на општина Пехчево донесе Одлука за избор на кандидатот Анетка Цветковска за работно место Раководител на одделение за финансиски прашања шифра УПР0101Б04000 во Одделение за финансиски прашања во Општина Пехчево.
член 3
Оваа одлука ке биде објавена на веб страната на општина Пехчево.
Правна Поука: Против оваа одлука незадоволните кандидти имаат право на жалба до Агенцијата за администрација во рок од 8 дена од денот на објавувањето на веб страната на општината.
Доставено до
– Кандидатот,
– Архива на општина Пехчево
Општина Пехчево
Градоначалник
Александар Китански
______________________
ПРЕВЗЕМИ ДОКУМЕНТ ->