2.4 C
Pehčevo

    Дневен ред за 37-ма седница

    Датум:

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот за локална самоуправа (Сл.Весник на РМ бр.05/02 и Сл.Весник на РСМ бр.202/24) и член 21 алинеја 5 од Статутот на општина Пехчево (Сл. Гласник на општина Пехчево бр.03/2021), ja свикувам 37-та седница на Советот на општина Пехчево за ден 28.07.2025 (понеделник). 37-та седница на советот на општина Пехчево ќе се одржи во просториите на општина Пехчево, со почеток во 15:00 часот. За работа на седницата го предлагам следниот:

    ДНЕВЕН РЕД

    1. Усвојување на записникот од 36-та седница на советот на општина Пехчево;
    2. Предлог одлука за за усвојување на годишен извештај за работа на ООУ ,,Ванчо Китанов,, – Пехчево за учебната 2024/2025 година;
    3. Предлог одлука за усвојување на годишна програма за работа на ООУ ,,Ванчо Китанов,, – Пехчево за учебната 2025 – 2026 година;
    4. Предлог одлука за усвојување на годишен план за вработување во ЈКП ,,Комуналец,, – Пехчево за 2026 година;
    5. Предлог одлука за утврдување на почетокот и завршетокот на работното време на ОЈУДГ ,,7 Септември,, – Пехчево;
    6. Предлог одлука за давање согласност за формирање на возрасни групи со повеќе или помалку деца во ОЈУДГ ,,7 Септември,, – Пехчево за воспитната 2025-2026 година;
    7. Предлог одлука за ослободување од партиципација на ромски деца во социјален ризик за престој во ОЈУДГ ,,7 Септември,, – Пехчево за воспитната 2025-2026 година;
    8. Предлог одлука за усвојување на измени и дополнувања на Буџетот на општина Пехчево за 2025 година;
    9. Барање од граѓани;
    10. Советнички прашања;

    ДОПОЛНУВАЊЕ НА ДНЕВЕН РЕД ЗА 37-ТА СЕДНИЦА

    НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ПЕХЧЕВО

    1. Предлог одлука за усвојување на годишен извештај за работа на ОЈУДГ ,,7 Септември,, – Пехчево за 2024/2025 година;
    2. Предлог одлука за усвојување на Програма за работа на ОЈУДГ ,,7 Септември,, – Пехчево за 2025-2026 година;

     

    Совет на општина Пехчево

    Претседател

    Виолета Ѓорѓиевска с.р.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Дневен ред за 2-ра седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Зимско одржување на патиштата

    Се известуваат граѓаните на општина Пехчево дека согласно на...

    Јавен повик за член во Управен одбор во ЈКП „Комуналец“ Пехчево

    Јавен повик за член во Управен одбор во ЈКП...

    Јавен повик за член во Надзорен одбор во ЈКП „Комуналец“ Пехчево

    Јавен повик за член во Надзорен одбор во ЈКП...