-0.4 C
Pehčevo

    Јавен повик за формирање иницијативен одбор за Локалното собрание за млади

    Датум:

    Врз основа на член 17 од Законот за младинско учество и младински политики ( „Службен весник на РСМ“  број 10/2020 ) и член  12- г од Статутот на Општина Пехчево ( „Службен гласник на Општина Пехчево“ 03/2021), Градоначалникот на Општина Пехчево распишува:

     

     

    Јавен повик за формирање иницијативен одбор

     

    Иницијативниот одбор е неформална група која има цел да се консултираат младите и да се застапат нивните интереси во креирањето на Советот. Бројот на членови во Иницјативниот одбор е пет и единствено тие членови имаат улога да го формираат Локалното собрание за млади. Времетраењето на ИО е краткорочно и завршува со свикување на првото Локално собрание на млади. Општината е задолжена за нивна селекција и работата на истото се координира и помага од службеникот/ ката за млади во Општината.

     

    Улога и задачи на Иницјативниот одбор:

    • Поддршка на Општината во креирањето или ревидирањето на актите и одлуките кои го утврдуваат формирањето и работата на ЛМС;
    • Распишување на повик за Конститутивно локално собрание на млади во согласност со Стаутот на Општината по принципот на јавност и транспарентност;
    • Соработка со Општината при организација и одржување на Конститутивно собрание за млади;

    Во ИО може да членуваат младински организации, организации за млади, политички подмалдоци, ученички и студентски организации и други облици на младинско здружување кои работат и функционираат на територијата на Општината и сакаат да учествуваат во основањето на Советот.

     

    Задолжителни документи:

    • Портфолио на организацијата/групата/здружението;
    • Годишна програма за работа;
    • Извештај за активности со млади во изминатата година;
    • Писмо за номинација за член во Иницјативниот одбор и контакт – информации;
    • Кратко мотивациско писмо од страна на номинираниот член и кратка биографија;

     

    Начин на пријавување: Пријавите за членство во ИО на Општина Пехчево се поднесуваат електронски на e-mail: opstina_pehcevo@t.mk или во Архивата на Општина Пехчево, секој работен ден                              од 7.30 до 15.30 часот, како и по пошта на адреса: Општина Пехчево,                ул. „Равен“ бр.8, 2326 Пехчево, со назнака „Апликација за членство во ИО на Општина Пехчево“.

    Рокот за пријавување е заклучно со 12.02.2024 година.

     

    За повеќе информации околу повикот може да се обратите на              e-mail: elica.jovevska@yahoo.com и на телефонскиот број 075-231-515 кај административниот службеник Елица Јовевска.

     

     

    Општина Пехчево
    Градоначалник

    с.р. Александар Китански

     

     

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Во Пехчево почнаа подготовки за празникот Богојавление – Водици

    Општина Пехчево во соработка со свештениците од црквата „Св....

    Средба со менаџерскиот тим на Kingman Refractory

    На 26 декември 2024 година, делегација од Kingman Refractory,...

    Усвоен буџетот на Општина Пехчево за 2025година

    На 32-рата седница на Советот на Општина Пехчево која...