11.7 C
Pehčevo

    Европска недела на спортот

    Датум:

    Општина Пехчево заедно со ООУ „Ванчо Китанов“ – Пехчево е дел од проектот Европска недела на спортот, спроведен од страна на Агенцијата за млади и спорт, финансиран од страна на Европската Унија. Главната цел на проектот е креирање можности и погодна средина, која овозможува сите да бидат активни преку спортско рекреативни активности, особено на локално ниво. Преку проектот не само што се активираат младите физички, туку се унапредува и нивното физичко здравје и благосостојба.
    Денес во Спортската сала „Јане Сандански“ – Пехчево, децата од петто одделение од ООУ „Ванчо Китанов“ – Пехчево со наставничките по физичко образование Афродита Денковска и Ани Биковска, имаа спортски и физички активности преку кои се подобрува физичкото здравје на децата, се негуваат врските помеѓу различните заедници, се рушат бариерите како што се културните, половите и националните, а децата ја зајакнуваат љубовта кон спортот и спортските активности. На настанот присуствиваа и претставници од општинската администрација.
    Преку овој проект, ООУ „Ванчо Китанов“ – Пехчево од Агенцијата за млади и спорт доби ластици за одвивање на спортски активности за обликување на телото.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Дневен ред за 34-та седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    СООПШТЕНИЕ ДО ЈАВНОСТА за Урбанистички проект вон опфат

    Бр.11-1510/4 Од  27.02.2025                                                                       Врз основа на член 62 став...

    Дневен ред за 33-та седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Во Пехчево почнаа подготовки за празникот Богојавление – Водици

    Општина Пехчево во соработка со свештениците од црквата „Св....