12 C
Pehčevo

    Светски ден без автомобили 2023

    Датум:

    Во еколошкиот календар 22 септември е запишан како СВЕТСКИ ДЕН БЕЗ АВТОМОБИЛИ. Автомобилите се најголемите загадувачи на воздухот. Тие испуштаат чад што е многу штетен за здравјето на луѓето и за целата природа. За да се заштити околината од штетните издувни гасови што ги испуштаат автомобилите, како и големата бучава што ја создаваат, сите треба да го избегнуваат превозот со нив.
    Како дел од Европската недела на мобилност ширум светот се одбележува Светскиот ден без автомобили. Овој ден има цел да ја крене свесноста кај возрасните за зачувување на чиста, здрава и зелена животна средина, како и применување еколошки транспортни решенија (јавен транспорт, пешачење и велосипедизам). Одбележувањето на овој ден треба да ги поттикне граѓаните да замислат еден поинаков град кој ќе биде во функција на луѓето, а не на автомобилите.
    Во склоп на Европската недела на мобилност, Општина Пехчево во соработка со ООУ „Ванчо Китанов“ – Пехчево и Едукативниот центар за зачувување на природата Негрево ја организираше акцијата Ден без автомобили, при што околу 20 ученици од шесто до деветто одделение од ООУ „Ванчо Китанов“ – Пехчево возеа велосипеди на улицата „Равен“ во Пехчево. Потоа имаа поставено препреки на Плоштадот Свети Петар и Павле во Пехчево и истите ги совладуваа со нивните велосипеди.
    Преку оваа акцијата младите упатија порака до сите возрасни, да ги остават велосипедите во своите гаражи и да се качат на велосипеди и на тој начин да стигнат до своето работно место.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    III фаза на Еко Парк „Езерце“ во Пехчево

    Проектот III фаза на Еко Парк „Езерце“ во Пехчево,...

    Изградба на локална улица бр.3 во с. Умлена, Општина Пехчево

    Проектот „Изградба на локална улица бр.3 во с. Умлена,...