Општина Пехчево успешно ја реализираше националната акцијата ,, Македонија без отпад 2013 ‘‘. Вработените во локалната самоуправа, јавните претпријатија во општината Комуналец и Равен, наставниците и децата од основното училиште ,, Ванчо Китанов ‘‘ и средното училиште ,, Ацо Русковски ‘‘ – Берово, невладини организации, вработени од домот на културата ,, Јане Сандански ‘‘, и библиотеката ,, Кочо Рацин ‘‘, предводени од градоначалникот на општина Пехчево Игор Поповски се вклучија во националната акција ,, Македонија без отпад 2013 ‘‘.
Акцијата започна во 9 часот, а се чистеше на две локации во општината за расчистување на отпад на кејот на реката писа и во дворот на ООУ ,, Ванчо Китанов ‘‘. Во акцијата за расчистување на отпадот беа вклучени и возила за собирање и транспорт на отпадот.
Aкција „ Македонија без отпад 2013 “годинава првпат, покрај останатите општини, ја поддржа и се вкучи и општина Пехчево, а традиционално се одржува во организација на невладината асоцијација „Ајде Македонија“ и Министерството за животна средина и просторно планирање.
Реализацијата на овој проект има за цел да го исчисти отпадот што се наоѓа на несоодветни места во околината, да развие свест кај граѓаните за правилно управување со отпадот и да развие механизми за поддршка на граѓаните, општините и другите засегнати групи за подобро да се справат со неорганизираното и незаконско фрлање отпад во нивните заедници.