Врз основа на член 48 точка 1 од Законот за локална самоуправа (Сл.весник на РМ бр.05/02), и член 21 алинеја 5 од Статутот на општина Пехчево (Сл. Гласник на општина Пехчево бр.03/2021), ja свикувам 17-та седница на Советот на општина Пехчево за ден 26.05.2023 година (петок). 17-та седница на советот на општина Пехчево ќе се одржи во просториите на ООУ ,,Ванчо Китанов,, – Пехчево, со почеток во 15:00 часот. За работа на седницата го предлагам следниот:
ДНЕВЕН РЕД
1. Усвојување на записникот од 16–та седница на советот на општина Пехчево;
2. Предлог одлука за усвојување на извештај за извршен попис на парични средства на жиро сметките, благајните, побарувањата, обврските, градежните објекти, улици, патишта и опрема на општина Пехчево за 2022 година;
3. Предлог одлука за утврдување на приоритет за аплицирање на Проектот на UNDP и Шведската Агенција за меѓународен развој (СИДА) „Јакнење на општинските капацитети за имплементација на проекти“;
4. Предлог одлука за сопствено учество и одобрување на финансиски средства на Општина Пехчево во реализација на проектот – “Јакнење на општинските капацитети за имплементација на проекти- Фаза 2” за финансирање на техничка документација за „Реконструкција на локален пат Пехчево – туритичка населба Равна Река, Пехчево“;
5. Предлог одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти за време на Фестивалот на дувачки оркестри ,,Пехчевски Павловден,, – 2023 година;
6. Предлог одлука за разрешување на член на Надзорен одбор за контрола на материјално-финансиското работење на JKП ,,Комуналец,, – Пехчево;
7. Предлог за распишување на јавен повик за пријавување на лице за член на надзорен одбор во ЈКП ,,Комуналец,, – Пехчево;
8. Предлог одлука за усвојување на тримесечен Извештај за финансиското работење на ЈКП ,,Комуналец,, – Пехчево за период од 01.01.2023 – 31.03.2023 година;
9. Предлог одлука за усвојување на годишен извештај за спроведување на утврдените тарифи – водоснабдување за 2022 година, на ЈКП ,,Комуналец,, – Пехчево;
10. Предлог одлука за усвојување на годишен извештај за спроведување на утврдените тарифи – собирање и одведување на урбани отпадни води за 2022 година на ЈКП ,,Комуналец,, – Пехчево;
11. Предлог одлука за утврдување на предлог за воспоставување на меѓуопштинска соработка помеѓу општина Пехчево и општина Берово – овластен градежен инспектор;
12. Предлог одлука за усвојување на Кварталeн извештај за извршување на буџетот на општина Пехчево за период од 01.01.2023 година до 31.03.2023 година;
13. Предлог одлука за проширување на средствата на Буџетот на општина Пехчево за 2023 година;
14. Барања од граѓани;
15. Советнички прашања;
ДОПОЛНУВАЊЕ НА ДНЕВЕН РЕД ЗА 17-ТА СЕДНИЦА
НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ПЕХЧЕВО
16. Предлог програма за управување со отпад на општина Пехчево за 2023 година;
Совет на општина Пехчево