Врз основа на член 48 точка 1 од Законот за локална самоуправа (Сл.весник на РМ
бр.05/02), и член 21 алинеја 5 од Статутот на општина Пехчево (Сл. Гласник на општина
Пехчево бр.03/2021), ja свикувам осмата седница на Советот на општина Пехчево за ден
07.07.2022 година (четврток). Осмата седница на советот на општина Пехчево ќе се одржи во
просториите на општина Пехчево, со почеток во 15:00 часот. За работа на седницата го
предлагам следниот:
ДНЕВЕН РЕД
1. Усвојување на записникот од шестата седница на советот на општина Пехчево;
2. Усвојување на записникот од седмата седница на советот на општина Пехчево;
3. Предлог одлука за верификација на мандат на член на Советот на општина Пехчево;
4. Предлог одлука за одобрување на приоритетен објект по Проектот ,,Поврзување на
локални патишта” финансиран со заем од Меѓународната банка за обнова и развој
–Светска банка;
5. Предлог одлука за утврдување на приоритетен проект за учество на јавен повик за
користење на средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој
за 2022 година на Општина Пехчево;
6. Предлог одлука за давање на согласност за намената на инвестицијата со предлог
проект „Изградба на пристапен пат до земјоделско земјиште, Пехчево – село
Спиково“;
7. Предлог одлука за прифаќање на предлог за воспоставување на меѓуопштинска
соработка;
8. Предлог одлука за утврдување на цените и начинот на бесплатен превоз на ученици
во основното и средното образование на подрачјето на општина Пехчево;
9. Советнички прашања;
10. Тековни активности;
Совет на општина Пехчево
Претседател
с.р. Виолета Ѓорѓиевска