0.3 C
Pehčevo

    Решение за определување на овластено лице за заштита на лични податоци

    Датум:

    Врз основа на член 41 став ( 1 ) од Законот за заштита на личните податоци ( „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 42/2020 ) и член 50 став ( 10 ) од Статутот на Општина Пехчево ( „Службен гласник на Општина Пехчево број 06/2016, 05/2019 ), донесе:

     

    РЕШЕНИЕ

    за определување на овластено лице за заштита на личните податоци

     

    1. СЕ ОПРЕДЕЛУВА лицето Елица Јовевска за овластено лице за заштита на лични податоци односно офицер за заштита на личните податоци во Општина Пехчево.
    2. СЕ ЗАДОЛЖУВА лицето од точка 1 на ова решение да ги врши следните работи:
    • ги информира и советува контролорот ( Општина Пехчево ) или обработувачот и вработените во Општина Пехчево кои вршат обработка соодветно на нивните обврски според одредбите од Законот за заштита на личните податоци;
    • ја следи усогласеноста со Законот за заштита на личните податоци, со други засегнати закони кои се однесуваат на заштитата на личните податоци во Република Северна Македонија, како и со политиките на контролорот Општина Пехчево или обработувачот во однос на заштитата на личните податоци, вклучувајќи распределување на одговорности, подигнување на свеста и обучување на вработените кои што учествуваат во операциите на обработка, како и вршење на ревизии за заштита на личните податоци;
    • каде што е потребно, дава совети во однос на процената на влијанието на заштитата на личните податоци и го следи извршувањето на процената во согласност на членот 39 од Законот за заштита на личните податоци;
    • соработува со Агенцијата за заштита на личните податоци;
    • дејствува како контакт точка за Агенцијата во однос на прашањата поврзани со обработката, вклучувајќи ја претходната консултација од членот 40 од Законот за заштита на личните податоци, како и советување според потребите за сите други прашања.
    1. Овластеното лице е должно при извршувањето на своите работи да ги зема предвид ризиците поврзани со операциите на обработката, како и природата, обемот, контексот и целите на обработкта кај контролорот и одоговара пред Општина Пехчево.
    2. Ова решение влегува во сила со денот на донесувањето, а престанува да важи решението за определување на овластено лице за заштита на личните податоци број 09-969/1 од 25.08.2021 година.

    Процедура за правото на пристап и исправка до личните податоци

    Решение 

     

     

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Дневен ред за 32-ра седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Кампањата „Општина на дланка“

    Со задоволство ја објавуваме нашата поддршка за кампањата „Општина...

    ОДОБРУВАЊЕ на Проектна Програма  ЗА ИЗРАБОТКА Н УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН РАВНА РЕКА

    Градоначалникот на Општина Пехчево, решавајќи по предлогот за одобрување...

    Донација на вода за пиење од Општина Пехчево во Општина Берово

        Дел од донацијата на вода, која беше донирана...