Врз основа на член 35, став 3 од законот за просторно и урбанистичко плниерање ( сл. Весник на РМ бр.199/2014, 44/2015, 193/2015, 31/2016 и 163/2016) Градоначалникот на општина Пехчево го дава, објавува следното:
С О О П Ш Т Е Н И Е
Се известуваат сите правни и физички лица дека Градоначалникот на опшина Пехчево донесе решение за спроведување на ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА АНКЕТА по Предлог на ЛУПД за изградба на Е2- комунална супраструктура, Фотоволтаична централа со капацитет до 1MW на КП. 2322, 2323, 2324, 2325, 2326, КО Негрево – Општина Пехчево со тех.бр.05/20
Границите на планскиот опфат со површина од 1,687 ха се движат:
На север границата на планскиот опфат се движи по КП бр.2322, 2323 и 2326 КО Негрево.
На исток границата на планскиот опфат се движи по КП бр.2326 и 2323 КО Негрево
На југ границата на планскиот опфат се движи по КП бр. 2323 КО Негрево
На запад границата на планскиот опфат се движи по КП бр.2324 и 2322 КО Негрево
Предлогот на ЛУПД за изградба на Е2- комунална супраструктура, Фотоволтаична централа со капацитет до 1MW на КП. 2322, 2323, 2324, 2325, 2326, КО Негрево – Општина Пехчево со тех.бр.05/20 ќе биде изложен во салата за состаноци и огласната табла на општина Пехчево од 21.06. 2021 година до 28.06.2021година секој работен ден од од 08,00 до 15,00 часот.
Во наведенио период и време заинтересираните правни и физички лица ќе можат да пополнат анкетни листови.
Јавната презентација ќе се одржи во слата за состаноци во зградата на опшина Пехчево на ден 21.06.2021 година (понеделник) со почеток во 12,00часот.
Стручната служба при општина Пехчево ќе дава објаснувањесекој работен ден од 08,00 до 15,00 часот..