Врз основа на член 65 став(6) од Законот за животна средина (Сл. Весник на РМ бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14, 44/15, 129/15, 192/15, 39/16 и 99/18), општина Пехчево, на ден 31.03.2021 година, донесе
Одлука за Неспроведување на стратегиска оцена
- За планскиот документ ЛУПД за изградба на Е2-комунална супраструктура, фотоволтаична централа со капацитет до 1МW на КП 2322, 2323, 2324, 2325, 2326 и др., КО Негрово, Општина Пехчево, кој се носи согласно Законот за просторно и урбанистичко планирање, не е потребно да се спроведе стратегиска оцена на влијанието врз животната средина согласно член 65 од Законот за животна средина.
- Одлуката заедно со формуларите за определување на потребата од спроведување односно неспроведување на стратегиска оцена се објавува на веб страната на општина Пехчево, www.pehcevo.gov.mk
- Согласно критериумите за определување на тоа дали еден плански документ има влијание врз животната средина од член 65 став (4) од Законот за животна средина и врз основа на податоците од Прилог 2 на Правилникот за формата, содржината и образецот на одлуката за спроведување, односно неспроведување на стратегиска оцена и формуларите за потребата од спроведување, односно неспроведување на стратегиска оцена донесувањето на планскиот документ ЛУПД за изградба на Е2-комунална супраструктура, фотоволтаична централа со капацитет до 1МW на КП 2322, 2323, 2324, 2325, 2326 и др., КО Негрово, Општина Пехчево, нема да има негативно влијание врз животната средина од следните причини: Донесувањето на планскиот документ ќе придонесе за: намалување на емисиите во воздух, вклучувајќи намалени емисии на стакленички гасови и придонес кон ублажување на климатските промени, зголемување на енергетската ефикасност во однос на постоечките постројки во секторот енергетика, подобрување на услугите во производство и снабдување со електрична енергија, намалување на зависноста од увоз на струја, отварање на нови работни места, подобрување на бизнис климата, подобрување на квалитетот на живеење и зголемување на животниот стандард на населението. Имплементацијата на планскиот документ со својата намена за користење на обновливи извори на енергија е во насока на реализација на генералните цели на одржливиот развој преку намалување на вкупните емисии во воздух од производство на електрична енергија на конвенционален начин. Со правилно планирање и проектирање и добра анализа на влијанијата, предвидената активност во својата оперативна и функционална фаза нема да претставува значителен товар врз животната средина.
- Против оваа одлука може да се поднесе жалба до Министерството за животна средина и просторно планирање во рок од 15 дена од денот на објавувањето на одлуката на веб страната.
Одлука за Неспроведување на стратегиска оцена
Пополнети формулари за неспроведување на стратегиска оцена