8.7 C
Pehčevo

    Дневен ред на триесет и петта седница на Советот на општина Пехчево

    Датум:

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот за локална самоуправа (Сл.весник на РМ бр.05/02), и член 21 алинеја 5 од Статутот на општина Пехчево (Сл. Гласник на општина Пехчево бр.06/2016 и 05/2019), ja свикувам 35-та седница на Советот на општина Пехчево за ден 10.03.2021 година (среда). 35-та седница на советот на општина Пехчево ќе се одржи во просториите на ООУ ,,Ванчо Китанов,, – Пехчево со почеток во 09:00 часот.

    За работа на седницата го предлагам следниот:

    ДНЕВЕН РЕД

    1. Усвојување на записникот од 34-та седница на советот на општина Пехчево;
    2. Предлог oдлука за усвојување на извештај за извршен попис на парични средства на жиро сметките, благајните, побарувањата, обврските, градежните објекти, улици, патишта и опрема на општина Пехчево за 2020 година;
    3. Предлог oдлука за отпис и отстранување на основни средства, сопственост на општина Пехчево;
    4. Предлог одлука за усвојување на Кварталeн извештај за извршување на буџетот на општина Пехчево за период од 01.01.2020 година до 31.12.2020 година;
    5. Предлог oдлука за усвојување на завршна сметка на општина Пехчево за 2020 година;
    6. Предлог oдлука за усвојување на годишен финансиски извештај од работењето на општина Пехчево за 2020 година;
    7. Предлог oдлука за усвојување на Ребаланс на буџетот на општина Пехчево за 2021 година;
    8. Предлог одлука за редовно ажурирање на процена на загрозеност на подрачјето на општина Пехчево од сите ризици и опасности;
    9. Предлог одлука за усвојување на годишен извештај за работа на ОУ ДК ,,Јане Сандански,, – Пехчево за 2020 година и Програма за работа на ОУ ДК ,,Јане Сандански,, – Пехчево за 2021 год.;
    10. Предлог одлука за разрешување и именување на членови на Управен одбор на ОУ ДК ,,Јане Сандански,, – Пехчево;
    11. Предлог oдлука за усвојување на Пречистен текст на Статут на ОУ ДК ,,Јане Сандански,, – Пехчево;
    12. Предлог oдлука за усвојување на локален акциски план за стратегија на ромите Пехчево 2021-2022 година;
    13. Предлог oдлука за давање на користење движна ствар – товарно возило за собирање на комунален отпад на ЈКП ,,Комуналец,, – Пехчево;
    14. Предлог oдлука за усвојување на програмата за работа и развој на ЈКП ,,Комуналец,, – Пехчево за 2021 година;
    15. Предлог одлука за усвојување на финансиски план на ЈКП ,,Комуналец,, – Пехчево за 2021 година;
    16. Предлог одлука за усвојување на годишен план за јавни набавки на ЈКП ,,Комуналец,, – Пехчево за 2021 година;
    17. Предлог одлука за усвојување на деветмесечен извештај за финансиското работење на ЈКП ,,Комуналец,, – Пехчево за период од 01.01.2020 до 30.09.2020 година;
    18. Предлог oдлука за усвојување на завршна сметка на ОУ ДК ,,Јане Сандански,, – Пехчево за 2020 година;
    19. Предлог oдлука за утврдување на времена локација за одлагање на инертен материјал (шут од градење и рушење) во текот на изведбата на проектот за изградба на локални улици во с.Црник општина Пехчево;
    20. Предлог oдлука за намера за користење на грант средства во рамки на Вториот проект за подобрување на општинските услуги (MSIP2) за подобрување на општинските услуги во сиромашни области/социјална вклученост од проектот за подобрување на јавните општински услуги во општина Пехчево;
    21. Предлог oдлука за финансиско учество на општина Пехчево во имплементацијата на проектот за изградба на локални улици во с.Црник, Изградба на крак 1 на селска улица Бр. 2 во с.Црник и Изградба на селска улица Бр. 3 во с.Црник со грант средства во рамки на Вториот проект за подобрување на општинските услуги (MSIP2) за подобрување на општинските услуги во сиромашни области/социјална вклученост;
    22. Предлог oдлука за усвојување на Измена и дополнување на годишен план за вработување за 2021 година на ООУ ,,Ванчо Китанов,, – Пехчево;
    23. Предлог програма за еднакви можности на жените и мажите на општина Пехчево и работа на КЕМ за 2021 година;
    24. Предлог oдлука за усвојување на годишен извештај за работа на Полициска канцеларија – Пехчево за 2020 година;
    25. Предлог oдлука за усвојување на завршна сметка на OOУ ,,Ванчо Китанов,, – Пехчево за 2020 година;
    26. Предлог oдлука за усвојување на полугодишен извештај за работа на ООУ ,,Ванчо Китанов,, – Пехчево за учебната 2020/2021 година;
    27. Предлог oдлука за давање согласност на правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за систематизација на работните места во ОJУДГ ,,7 Септември,, – Пехчево;
    28. Предлог oдлука за усвојување на Завршната сметка на OЈУДГ ,,7 Септември,, – Пехчево за 2020 година;
    29. Предлог одлука за усвојување на Завршната сметка на ЈКП ,,Комуналец,,-Пехчево за 2020 година;
    30. Предлог oдлука за усвојување на дванаесет месечен извештај за финансискoто работење на ЈКП ,,Комуналец,, – Пехчево;
    31. Предлог oдлука за усвојување извештај за извршени работи во ЈКП ,,Комуналец,, – Пехчево за период јануари декември 2020 година;
    32. Предлог oдлука за усвојување на одлуката од УО на ЈКП ,,Комуналец,, – Пехчево за цена за плаќање на извршена услуга со ровокопач JCB 4CX;
    33. Предлог oдлука за усвојување Програма за проекти од областа на културата на ОУ ДК ,,Јане Сандански,, – Пехчево за 2021 година;
    34. Барања од граѓани;
    35. Советнички прашања;
    36. Тековни активности;

    Совет на Општина Пехчево

    Претседател

    Николчо Јовчев с.р

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Недела на детето

    Денеска децата од големата група од ОЈУДГ „7 Септември“...

    III фаза на Еко Парк „Езерце“ во Пехчево

    Проектот III фаза на Еко Парк „Езерце“ во Пехчево,...