14.8 C
Pehčevo

    Известување во врска со кучињата скитници на територија на Општина Пехчево

    Датум:

    Почитувани граѓани на општина Пехчево,

    Ве известуваме дека во наредните денови (од утре па натаму) ќе се отпочне со реализација на законската обврска – заловување на бездомните кучиња, односно нерегистрирани и регистрирани кучиња кои слободно шетаат по улиците.

    Согласно законските одредби, сопствениците на кучиња се должни своите кучиња да ги држат во сопствените дворни места. Кучето може да се изведе надвор од дворните места само со кошница на уста и врзано со каиш придружувано од сопственикот. Сопствениците на кучиња се должни сместувањето и чувањето на кучиња да го уредат на начин што нема да пречи на мирот и спокојството на соседите и на видно место (на влезот од дворот) да постават табла за известување дека чуваат куче.

    Заловувањето на бездомните кучиња, односно нерегистрираните и регистрираните кучиња кои слободно шетаат по улиците, ќе се врши од страна на квалификувани лица на избраната фирма на тендер за заловување на кучиња АД Ветеринарно сточарски центар Тодор Велков од Куманово, на начин кој нема да предизвика непотребна болка или страдање.

    Трошоците за заловување и третман на регистрираните и нерегистрираните кучиња се на товар на сопствениците на кучиња, а во случај на бездомни кучиња, товарот паѓа на општина Пехчево.

    ИЗВЕСТУВАЊЕ пдф

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Прием на првачињата во детската светска организација во ООУ „Ванчо Китанов“ – Пехчево

    По повод Светската недела на детето, денес Градоначалникот на...

    Дневен ред за 29-та седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Недела на детето

    Денеска децата од големата група од ОЈУДГ „7 Септември“...

    III фаза на Еко Парк „Езерце“ во Пехчево

    Проектот III фаза на Еко Парк „Езерце“ во Пехчево,...