Врз основа на член 50 став 1 точка 9 од Законот за локална самоуправа (“Службен Весник на Република Македонија” бр.5/02), а во врска со член 19–а и член 23 од Законот за јавни претпријатија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 38/96……39/16), Градоначалникот на Општина Пехчево донесува:
ОДЛУКА
за избор на Директор на ЈКП “Комуналец” Пехчево
- За директор на Јавното Комунално Претпријатие “Комуналец” Пехчево се избира кандидатот Борис Поповски од Пехчево.
Образложение
Од страна на Општина Пехчево е распишан оглас за избор на директор на Јавното Комунално Претпријатие “Комуналец” Пехчево. Градоначалникот формираше комисија за избор на директор по огласот распишан од општина Пехчево за директор на Јавното Комунално Претпријатие “Комуналец” Пехчево. По распишаниот оглас до Градоначалникот на општина Пехчево е пристигната пријава од кандидатот Борис Поповски од Пехчево. После разгледувањето на доставената документација од страна на комисијата до градоначалникот беа доставени записник од разгледувањето на пристигнатите пријави и предлог кандидати кои ги исполнуваат условите по распишаниот оглас. Градоначалникот после извршеното интервју со кандидатите кое се одржа на 12.02.2021 година ја донесе оваа одлука.