5.9 C
Pehčevo

    ЈАВЕН ОГЛАС : За избор на директор на Дом на културата „Јане Сандански“ – Пехчево

    Датум:

    Врз основа на член 50 став 1 точка 9 од Законот за локална самоуправа („Сл.весник на Р.М“ бр.5/02), член 50 став 1 од Статутот на Општина Пехчево (“Службен Гласник на Општина Пехчево ” бр.05/09) и член 29 од Законот за културата („Службен весник на Република Македонија“ бр. 31/98, 49/03, 82/05, 24/07, 116/10, 47/11, 51/11, 136/12, 23/13, 187/13, 44/14, 61/15, 154/15, 39/16 и 11/18), а во врска со член 38 од Законот за културата („Службен весник на Република Македонија“ бр. 31/98, 49/03, 82/05, 24/07, 116/10, 47/11, 51/11, 136/12, 23/13, 187/13, 44/14, 61/15, 154/15, 39/16 и 11/18), Градоначалникот на Општина Пехчево, распишува:

     

    Ј А В Е Н   О Г Л А С

    за избор на директор на Дом на културата

    „Јане Сандански“ – Пехчево

     

    Се распишува јавен оглас за избор на директор на Дом на култура „Јане Сандански“ – Пехчево.

    За директор на установата може да биде избрано лице кои ги исполнува следните услови:

    • е државјанин на Република Македонија;
    • во моментот на избирањето со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција, забрана за вршење на професија, дејност или должност;
    • има стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен на високо образование од областа на образованието науката и културата;
    • има минимум пет години работен стаж во областа на културата или пет години работно искуство на работи или проекти во областа на културата врз основа на склучени договори за дело;
    • да има општа здравствена способност за работното место;
    • да има еден од следниве меѓународно признат сертификати или уверенија за активно познавање на англискиот јазик не постар од пет години и тоа:

    – ТОЕФЕЛ ИБТ – најмалку 74 бода,

    – ИЕЛТС (IELTS) – најмалку 6 бода,

    – ИЛЕЦ (ILEC) (Cambridge English: Legal) – најмалку Б2 (B2) ниво,

    – ФЦЕ (FCE) (Cambridge English: First) – положен

    – БУЛАТС (BULATS) – најмалку 60 бода или

    – АПТИС (АPTIS) – најмалку ниво Б2 (B2)

    Кон пријавата кандитатите е потребно да ги достават следните документи:

    • доказ за државјанство;
    • доказ дека со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција, забрана за вршење на професија, дејност или должност (не постар од 6 месеци);
    • доказ за завршено високо образование со стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен од областа на областа на образованието науката и културата;
    • доказ за минимум пет години работен стаж во областа на културата или пет години работно искуство на работи или проекти во областа на културата врз основа на склучени договори за дело;
    • лекарско уверение за општа здравствена способност како општ услов за засновање на работен однос, потпишано од доктор на медицина специјалист по медицина на труд, издадено од здравствена организација од примарната здравствена заштита која врши дејност медицина на труд;
    • доказ дека поседува еден од предходно наведените меѓународно признат сертификати или уверенија за активно познавање на англискиот јазик не постар од пет години.

    Покрај доказите за исполнување на општите и посебните услови, кандидатите  потребно е да достават и кратка биографија и предлог на Програма за работа и развој на Дом на култура  „Јане Сандански“ Пехчево.

    Целиот оглас може да го превземете тука пдф

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Втора форумска сесија за Буџет на Општина Пехчево за 2025 година

    По оддржувањето на втората форумска сесија за Буџет на...

    Едукативна презентација од полициски службеници од ОВР Берово: „Правила за малите пешаци“

    Едукативна презентација од полициски службеници од ОВР Берово: „Правила...

    Покана за втора форумска сесија за буџетот на Општина Пехечево за 2025

           Почитувани граѓани,        Вашето мислење е важно!        И Вие...

    Обврски за зимскиот период

    Соопштение до јавноста Обврски за зимскиот период         Почитувани...