Општина Пехчево ги повикува граѓаните кои сметаат дека ниските температури кои ја зафатија општината во периодот од 25.04.2016 до 27.04.2016 г. им имаат нанесено материјална штета на нивните имоти и земјоделски насади, да пријават во просториите на општина Пехчево.
Пријавувањето на штетите може да се изврши секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот во периодот до 03.05.2016 година (вторник), заклучно со 06.05.2016 година (петок) во општина Пехчево. За подетални информации за пријавување на штетите лице за контакт од општина Пехчево е Љупчо Каракашовски.
Барањето за настанат штети можете да го превземете и доставите по електронски пат преку пополнување на Пријавата за излез на лице место која може да ја превземете подолу, и да ја доставите на емаил адреса на opstina_pehcevo@t-home.mk или ljupcokarakasovski@yahoo.com.
Покрај барањето, пријавите треба да бидат дополнети со фотокопија од лична карта, фотокопија од трансакциска сметка и доказ за сопственост на имотот (имотен лист).
Барањето можете да го превземете тука