2.6 C
Pehčevo

    Село Црник добива чиста и здрава вода за пиење

    Датум:

    13096006_10204408671695170_5124113488345970694_nВо тек е реализација на проектот „Поставување на соларна дозир пумпа за хлор на резервоарот за вода за пиење во село Црник – Пехчево“. Овој проект е финансиран со 100.300 денари од страна на Бирото за регионален развој на Република Македонија од Програмата за рамномерен регионален развој за 2015 година – за развој на подрачјата со спесифични развојни потреби.

    13103450_10204408672735196_4610358327365014514_n-Обезбедувањето на здрава вода за пиење е прв приоритет на секое едно општество. Системот за водоснабдување на општина Пехчево и за населените места во општината е еден од најважните инфраструктурни објекти во истата, истакна градоначалникот Поповски.

    13082724_10204408672335186_2907571184564567883_nСо поставувањето на Соларната дозир пумпа за хлор на резервоарот за вода за пиење во село Црник – Пехчево ќе се искористат природните ресурси, односно природните обновливи извори на енергија – сонцето. Со реализација на овој проект ќе се подобри квалитетот и исправноста на водата за пиење во село Црник, а со тоа ќе се овозможи квалитетот на здрав живот на граѓаните, ќе се подобри јавната хигиена како и хигиената на живеење. Со соларната дозир пумпа за хлор ќе се врши постојано хлорирање, однсоно дезинфицирање на водата за пиење и истата ќе биде бактериолошки и хемиски чиста и исправна, ќе бидат уништени сите патогени и факултативно патогени микроорганизми во истата.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Дневен ред за 5-та седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Повик за поднесување на понуди за Експерт/ Консултант во проект

    ОГЛАС / ПОВИК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ ПОНУДИ (Услуги – експерт/консултант) Референца: ADRISKY/TAP-LP/2025/01 Општина...