5.9 C
Pehčevo

    Започна изградбата на нов објект во индустриската зона Чуката во Пехчево

    Датум:

    Ветеринарна станица

    Нов објект за потребите на ветеринарната станица во Пехчево започна да се гради на индустриската зона Чуката. Поставувањето на камен-темелникот беше повод за пригодна свеченост на која беа претставени плановите за изградба и развој на ветеринарната станица што ќе никне овде.

    Инаку, старата ветеринарна станица веќе не ги исполнува современите услови за работа и затоа фабриката ДИК ,, Фагус “ се реши да ја изградат современа ветеринарна станица со сите европски стандарди потребни за функционирање на истата.

    Според сопственикот на фирмата, тој се одлучил да ја гради ветеринарната станица затоа што добил поволни услови за инвестирање.

    Ветеринарна станица1

    Од  Локалната самоуправа на Пехчево се задоволни што инвеститор се одлучил да вложи во нашата општината.

    Приказната започна пред неколку години кога одржавме состанок со вработените во ветеринарната станица и сопственикот на фирмата ДИК „Фагус“, каде вработените во станицата од сопственикот на Фагус побараа да се изгради современа ветеринарна станица во замена на просториите од старата да припаднат во сопственост на фабриката Фагус. После објавувањето на лицитацијата за продажба на локацијата тој го купи ова место и еве денеска почнува изградбата на новата ветеринарна станица, истакна градоначалникот Поповски.

    Инаку, општина Пехчево заедно со Министерството за транспорт и врски инвестираа во комуналната инфраструктура на индустриската зона м.в Чуката – Пехчево, поточно фекална канализација со прочистителна станица за отпадни води, со вкупна вредност од 3 092 359 денари.

    Во индустриската зона Чуката во Пехчево една конфекција и фабрика за производство на палети, се очекува наскоро да бидат првите фирми кои ќе се отворат.

    Индустриската зона Чуката се наоѓа на површина од 8 хектари и е дел од градот Пехчево и според урбанистичкиот план е со намена Г2 – лесна и незагадувачка индустрија.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Дневен ред за 31-ва седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Втора форумска сесија за Буџет на Општина Пехчево за 2025 година

    По оддржувањето на втората форумска сесија за Буџет на...

    Едукативна презентација од полициски службеници од ОВР Берово: „Правила за малите пешаци“

    Едукативна презентација од полициски службеници од ОВР Берово: „Правила...