-1.9 C
Pehčevo

    Во Пехчево се одржа отворен ден со Комисијата за заштита од дискриминација

    Датум:

    Етничката и политичката дискриминација и понатаму остануваат на врвот на негативните појави кај нас како општество што се залага за демократија. Но, последниве години се повеќе се детектира и полова дискриминација посебно во приватните фирми,потенцираше во Пехчево Душко Миновски, на Отворените денови со Комисијата за заштита од дискриминација.
    „Меѓутоа во приватниот сектор кој е херметички затворен..имаме состојба при интервјуата за работа да поставуваат прашања, дали си мажена колку деца имаш дали ќе раѓаш, никој нема такво право, бидејќи законот обезбедува замена“, изјави Душко Миновски, претседател на Комисија за заштита од дискриминација.
    Сепак, преќутно во малите средини се провлекува дискриминацијата по основ на хендикеп. Во училиштата не се доволни секогаш само пристапни рампи до училиштата, лицата со хедикеп не се во можност да одат на повисоките спратови и да следат кабинетска настава:
    „Одговорот беше, па сега за едно дете да се прави трошок,значи не треба да се чека критичната маса и тоа едно дете требаше да му се пружи шанса. На Иван му се пружи шанса , наставниците одеа во неговиот дом“, кажа Нада Симовска, ОЖП Пехчево.
    Во Пехчево, како мултиетничка средина, нема етничка дискриминација, тврди градоначланикот Поповски
    „Процентот на вработени во претпријатијата е поголем од процентот на населението“, истакна Игор Поповски, градоначланик на Пехчево.
    До Комисијата за заштита од дискриминација во изминатиов период од 5 години стигнале 350 преставки од нив се процесуирани 10 % и во 28 случаи, дискриминаторот постапил по укажувањата на Комисијата, но 2 случаи завршиле со судска пресуда. Една од нив е и пресудата на Општина Делчево поврзана со изградбата на пристапната патека во населбата Расадник како потреба на аутистично дете, па Делчево е првата и единствена општина осудена за дискриминација.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Дневен ред за 31-ва седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Втора форумска сесија за Буџет на Општина Пехчево за 2025 година

    По оддржувањето на втората форумска сесија за Буџет на...

    Едукативна презентација од полициски службеници од ОВР Берово: „Правила за малите пешаци“

    Едукативна презентација од полициски службеници од ОВР Берово: „Правила...

    Покана за втора форумска сесија за буџетот на Општина Пехечево за 2025

           Почитувани граѓани,        Вашето мислење е важно!        И Вие...