16.6 C
Pehčevo

    Градоначалникот Поповски ќе оствари средба со жителите на Црник, Панчарево и Негрево

    Датум:

    Градоначалникот на општина Пехчево, Игор Поповски и Претседателот на Советот на Општина Пехчево, Стојче Стефановски, Пратеничката во Собранието на Република Македонија, Сузана Секуловска, заедно со претставници од локалната самоуправа и директорите на општинските јавни установи и претпријатија на ден 18.09.2015 година ќе оствари средба со жителите на Црник, Панчарево и Негрево.

    Граѓаните ќе имаат можност непосредно да се запознаат со проектите кои општината во иднина планира да ги реализира во овие населби, но и да ги слушне градоначалникот проблемите и потребите од граѓаните, со цел подобрување на животниот стандард на граѓаните, развој на економијата и создавање поволна бизнис клима, решавање на комунални и инфраструктурни проблеми, поквалитетно образование, социјална заштита и здравство, со средства предвидени за 2015 – 2016 година.

     

    А Г Е Н Д А

     

    18.09.2015 ( ПЕТОК )

    19:00 ч – Посета на село Негрево

    20:00 ч – Посета на село Црник

    21:00 ч – Посета на село Панчарево

     

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Реконструкција на улиците „Илинденска“, „Мирче Ацев“ и „Даме Груев“, како и нивните краци, со изградба на нова атмосферска канализација

    Започнува реализацијата на проектот за реконструкција на улиците „Илинденска“,...

    Јавен повик за член на Управен одбор во ЈКП ,,Комуналец” Пехчево

    ЈАВЕН ПОВИК за пријавување на лица -          за член на Управен одбор...

    Дневен ред за 10-та седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...