Во контекст на почетокот на имплементацијата на проектот ”Патронажна служба за помош и нега на стари и изнемоштени лица во општина Пехчево“ во рамки на Програмата Општинско-корисна работа за 2015 година, вчера во салата за состаноци при општина Пехчево се одржа информативна работилница.
Проектот “Промовирање на одржливи вработувања IV и поддршка на Владата во спроведувањето на Оперативниот план за услуги на пазарот на труд и активни програми и мерки за вработување за 2015”, е финансиран од страна на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во партнерство со Министерството за труд и социјална политика (МТСП) и Агенцијата за вработување на Република Македонија (АВРМ) и ќе се реализира во текот на 2015 година.
На информативната работилница покрај претставници од општина Пехчево беа присутни и претставници од останатите локални партнери во реализацијата на проектот, односно МТСП – Меѓуопштински центар за социјални работи Берово и Канцеларија за материјални давања Пехчево, АВРМ-Биро за вработување Берово и Подрачна канцеларија Пехчево, Организација на жени од Пехчево, Здружение на пензионери од Пехчево, Еколошко здружение ,,Кладенец,, од Пехчево и други засегнати субјекти на локално ниво.
Детални информации за Програмата Општинско-корисна работа за 2015 година и за Информативната работилница можат да се добијат во општина Пехчево кај лицето Љупчо Каракашовски, Општински координатор за Програмата Општинско-корисна работа на Тел: 033 441 321 и Моб: 075 467 503,