Традиционално општина Пехчево во соработка со НВО ,, КХ АМ “ – Делчево и Здравствениот дом Пехчево , по повод недела на имунизација, организираше посета на семејствата на деца родени во периодот од април 2014 до април 2015 година. Беа посетени вкупно 16 семејства од кои 6 од ромска националност.
Градоначалникот на општина Пехчево Игор Поповски донираше 10 хигиенски пакети за дечиња и тоа шест во Пехчево, два во село Робово и два пакети во село Чифлик, додека невладината КХ АМ донираше на ромските семејства во село Црник три пакети и во Пехчево три пакети со хигиенски производи.
Оваа активност ќе продолжи и во иднина се со цел да се зголеми информираноста на семејствата за имунизација на нивните деца како и за правата на пациентите за заштита на нивното здравје.