Според однапред планираната агенда на настанот, градоначалникот на општина Пехчево, вчера во салата за состаноци, одржа средба со невладините организации од општината.
На состанокот беа присутни повеќе претставници од граѓанските организации кои работат во Пехчево, како и претставници од општина Пехчево.
На почетокот од страна на градоначалникот, Игор Поповски, беа образложени главните мотиви за одржување на овој состанок.
,, Средбата е дел од заложбите за градење партнерски однос меѓу граѓанските здруженија и општината, како и начин за остварување поблизок контакт со граѓаните. На овој начин добиваме можност поблиску да се запознаеме со проблемите со кои се соочувате, како и проблемите што наидуваат при реализациа на програмите и проектите, истакна градоначалникот Игор Поповски.
Членовите на НВО секторот се заблагодарија за досегашната одлична соработка со општината и ја искористија можноста да го информираат градоначалникот со досега реализираните проекти и активности, како и со програмите за работа во наредниот период.
Соработката досега со невладиниот сектор и општината е на високо ниво, а се планира да продолжи и понатаму.