Во просториите на библиотеката„Кочо Рацин“ се одржа литературно читање наречено: „Пладневна средба со Драгица Лазаровска“.
На самиот почеток директорката Габриела Костадинова ги поздрави присутните со топло добредојде и истакна дека поводот за пладневното поетско читање е 14 Февруари денот на св.Трифун и св.Валентин- денот на вљубените.
„Па по тој повод ќе го слушнеме литературното читање во проза и поезија на Драгица Лазаровска- жената чиј што живот воопшто не ја поштедил, жена чиј што живот е повеќе трагичен отколку среќен, но пред се ќе речам силна жена која не се предава, чекори со крената глава и својата утеха ја бара во пишувањето. И верувајте пишувањето е лек за сите болки и недоречености“ истакна директорката Костадинова.
На литературното читање се придружи и г-ѓа Костадинова, но во улога на поет. Пладневното поетско читање заврши со забавен дел, каде директорката подготви еден забавен квиз во чест на празникот св. Валентин. Присутните гости беа главни актери на овој настан, кои имаа за задача да напишат по една љубовна порака посветена на саканата личност. Четворица од присутните добија награда. Наградата беше црвено срце во знак на љубовта.
На пладневната средба покрај другите присуствуваше и градоначалникот на Општина Пехчево г-дин Игор Поповски.