-1.9 C
Pehčevo

    Консултација со јавноста за Стратегиска оцена на животната средина за Проект за инфраструктурна градба за мала хидроелектрична централа на Река Брегалница

    Датум:

    Врз основа на Уредбата за учество на јавноста во текот на изработка на прописи и други акти како и планови и програми од областа на животната средина („Сл. Весник на РМ“ бр.147/08 и 45/11) Градоначалникот на општина Пехчево го издава следното

    ИЗВЕСТУВАЊЕ

    Се известуваат граѓаните на општина Пехчево дека се организира консултација со јавноста за:

    Стратегиска оцена на животната средина за Проект за инфраструктура-линиска инфраструктурна градба за мала хидроелектрична централа на Река Брегалница – МХЕЦ 329, КО Пехчево, општина Пехчево

    Консултацијата со јавноста ќе се одржи на ден 06,02,2015 година (петок) со почеток во 10 .00 часот, во административните простории на општина Пехчево.

    Општина Пехчево ја информира заинтересираната јавност дека во текот на 30 дена, од денот на објавувањето на споменатите документи, може да доставува мислење по истите, по електронски пат на следната адреса opstina_pehcevo@t-home.mk, по пошта или преку архивата на општина Пехчево.

                                                                                          Градоначалник на Општина Пехчево

                                                                                                                Игор Поповски

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Дневен ред за 31-ва седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Втора форумска сесија за Буџет на Општина Пехчево за 2025 година

    По оддржувањето на втората форумска сесија за Буџет на...

    Едукативна презентација од полициски службеници од ОВР Берово: „Правила за малите пешаци“

    Едукативна презентација од полициски службеници од ОВР Берово: „Правила...

    Покана за втора форумска сесија за буџетот на Општина Пехечево за 2025

           Почитувани граѓани,        Вашето мислење е важно!        И Вие...