Денес 14.11.2014 година во салата за состаноци во општина Пехчево се одржа тркалезна маса на тема: Светски ден за сеќавање на жртвите во сообраќајни несреќи.
Целта на средбата беше да се дефинираат активностите за одбележување на Светскиот ден за сеќавање на жртвите во сообраќајни несреќи кој ќе се одржи на 17 ноември 2014 година (понеделник).
Беа поканети службените лица кои се директно одговорни за имплементација на овие активности: претставници од Министерството за внатрешни работи, претставници од Здравен дом – Пехчево, претставник од Црвен Крст – Берово и претставник од ООУ ,,Ванчо Китанов“ – Пехчево, како и претставници на медиумите од регионот.
Заклучокот кој произлезе од тркалезната маса е следниот:
На 17.11.2014 година (понеделник), општина Пехчево ќе ги организира главните активности за одбележување на Светскиот ден за сеќавање на жртвите во сообраќајни несреќи, се со цел да се зголеми безбедноста на сообраќајот на патиштата и да се намали бројот на жртви. Низ градот ќе се вршат сообраќајни контроли, а предвидени се и други превентивни активности. Во соработка со Здравен дом – Пехчево и Црвен Kрст – Берово ќе биде организирана акција за мерење на крвен притисок и мерење на шеќер во крв, во која ќе може да се вклучат сите граѓани на општината од сите возрасти, делење на едукативен и информативен материјал од областа на безбедноста на сообраќајот на патиштата.
Општина Пехчево ги поканува сите граѓани да присуствуваат на овој настан и заеднички да го одбележиме Светскиот ден за сеќавање на жртвите во сообраќајни несреќи.
АГЕНДА
17.11.2014 година (понеделник) почеток 10:00 часот
– Мерење на крвен притисок и шеќер во крв (за сите возрасти) – Здравен дом – Пехчево и Црвен Kрст – Берово;
– Делење на информативен материјал за стари лица од страна на волонтери во Црвен крст – Берово;
– Сообраќајна контрола од страна на полициски службеници (делење на едукативен и информативен материјал од областа на безбедноста на сообраќајот на патиштата)
Активностите ќе се одржуваат во период од 10:00 до 12:00 часот.
19.11.2014 година (среда) почеток 10:00 часот
– Презентација во ООУ ,,Ванчо Китанов,, – Пехчево од страна на полициски службеници за ,,Употребата на смартфони и конзумирањето на алкохол и психотропни супстанци опасни по животот на младите во сообраќајот,,
На учениците ќе им биде укажано на ризикот со кој се соочуваат при истовремено користење на смартфон и движење по улиците со автомобил.
– Ликовна изложба во ООУ ,,Ванчо Китанов,, – Пехчево на тема: ,,Безбедност на младите во сообраќајот,,