Министерството за животна средина и просторно планирање и асоцијацијата ,, Ајде Македонија ‘‘ организираа национална акција ,, Македонија без отпад 2014 ‘‘, која ќе се одржи на 18 Октомври.
Целта на кампањата е да се развие свеста кај граѓаните за правилно управување со отпадот и да се развијат механизми за поддршка на граѓаните, општините и другите засегнати групи за подобро да се справат со неорганизираното и незаконско фрлање отпад во нивните заедници.
Општина Пехчево се вклучува во оваа национална акцијата за чистење ,, Македонија без отпад 2014 ‘‘. Чистењето ќе се спроведе на 18 Октомври со почеток во 9 часот, на локација кејот на реката Писа ( од мостот на центарот на градот по течението на реката Писа, до над Китански мост).
Во акцијата ќе се вклучат Локалната самоуправа, јавните претпријатија Комуналец и Равен, локалните здруженија на граѓани, јавните претпријатија, ООУ,,Ванчо Китанов ‘‘ и др.
Се покануваат сите граѓани на општина Пехчево да се приклучат на оваа национална акција за чистење ,, Македонија без отпад 2014 ‘‘, да дадат свој допринос со собирање на одпадот на улицата кај што живеат.
Со учеството во акцијата сите придонесуваме за намалување на отпадот и за создавање на поубава и почиста животна средина.