8.1 C
Pehčevo

    Општина Пехчево продолжува со реализација на својата програма за уредување на патната инфраструктура во руралните средини

    Датум:

    Со засилено темпо се подновуваат улиците низ населените места.

    Со засилено темпо се подновуваат улиците низ населените места.
    Речиси секојдневно градоначалникот на општина Пехчево, Игор Поповски е на нова локација да промовира улица која е асфалтирана, бетонирана или е поставен бекатон.

    Со засилено темпо се подновуваат улиците низ населените места.
    Денес започна реализацијата на проектот кој Општина Пехчево го доби од Владата на Република Македонија како дел од Програмата за рурален развој. Станува збор за изградба на улица во село Чифлик. Се работи за улица во должина од 600 метри, со коловозна конструкција од тампонски слој, ситен песок и завршна обработка со бехатон плочки.
    -Продолжуваме со исто темпо и понатаму, со реконструкција на улиците низ општината. Во изминатиот период инвестиравме на повеќе начини, но по барање на мештаните денеска започнуваме со изградба на улица во село Чифлик. . Ние сме задоволни затоа што овие граѓани кои живеат тука, но и тие што поминуваат отсега тоа ќе го прават по уредена улица. И во наредниот период ќе посветиме огромно внимание на изградба на улици, тротоари, ќе се погрижиме за уличното осветлување и доколку имаме средства и услови ќе инвестираме во делот кај фекални и атмосверски канализации, рече градоначалникот Поповски.

    Со засилено темпо се подновуваат улиците низ населените места. Со засилено темпо се подновуваат улиците низ населените места.

    Негрево                                                                                      Умлена
    Инаку од неодамна преку Програмата за рурален развој заврши и изградбата на уште две улици во селата Негрево и Умлена.
    Од страна на Агенцијата за финансиска подршка во земјоделството и руралниот развој за оваа цел се доделени вкупно 4,746 685 денари.
    При денешното започнување со градежните работи, градоначалникот Игор Поповски уште еднаш го изрази задоволство што општина Пехчево во рамките на Програмата за рурален развој доби поддршка за три проекти, што впрочем е и максимумот кој може да го добие една општина. Оваа мерка на Владата на Република Македонија ја покажува намерата за подобрување на квалитетот на живот во рурални средини, обнова и развој на селата и зачувување и унапредување на традиционалните вредности во руралните подрачја.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    III фаза на Еко Парк „Езерце“ во Пехчево

    Проектот III фаза на Еко Парк „Езерце“ во Пехчево,...

    Изградба на локална улица бр.3 во с. Умлена, Општина Пехчево

    Проектот „Изградба на локална улица бр.3 во с. Умлена,...