4.8 C
Pehčevo

    СООПШТЕНИЕ – Посета на месните заедници Робово и Умлена

    Датум:

    Грб на општина Пехчево

    Градоначалникот на општина Пехчево, Игор Поповски и пратеникот во Собранието на Република Македонија, Сузана Секуловска заедно со претставници од локалната самоуправа и директорите на општинските јавни установи и претпријатија ќе ги посетат месните заедници Умлена и Робово.
    Целта на средбата ќе биде жителите од овие селски населби, да ги истакнат проблемите за подобрување на животниот стандард, развој на економијата, создавање на поволна бизнис клима, решавање на комунални и инфраструктурни проблеми, поквалитетно образование, социјална заштита и здравство, се со цел да се вметнат во програмата на локалната самоуправа за реализација во 2014 – 2015 година.

    Посетите ќе се извршат на ден 04.10.2014г.(сабота) по претходно утврдена агенда.

    19:00ч – Посета на село Робово

    20:30ч – Посета на село Умлена

    Ваквите средби даваат особен придонес во непосредната комуникација на граѓаните со локалната самоуправа, а на тој начин се создаваат и повеќе можности за спроведување на правите проекти.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Дневен ред за 2-ра седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Зимско одржување на патиштата

    Се известуваат граѓаните на општина Пехчево дека согласно на...

    Јавен повик за член во Управен одбор во ЈКП „Комуналец“ Пехчево

    Јавен повик за член во Управен одбор во ЈКП...

    Јавен повик за член во Надзорен одбор во ЈКП „Комуналец“ Пехчево

    Јавен повик за член во Надзорен одбор во ЈКП...