-1.1 C
Pehčevo

    ЈАВЕН ПОВИК за пријавување на такси возачи за посетување на обука за изучување на англиски јазик

    Датум:

    Такси возилаМинистерството за транспорт и врски и Заедницата на единиците на локалната самоуправа објавуваат:

    ЈАВЕН ПОВИК
    за пријавување на такси возачи вработени во правни лица
    лиценцирани за такси дејност од општините во Република Македонија за посетување на обука за изучување на англиски јазик

    1. ПРЕДМЕТ НА ЈАВНИОТ ПОВИК

    1.1. Предмет на јавниот повик е пријавување на такси возачи вработени во правни лица лиценцирани за такси дејност од општините во Република Македонија, за посетување на обука за изучување на англиски јазик. Овој повик не се однесува на такси возачи вработени во правни лица лиценцирани да вршат такси дејност во Градот Скопје.
    1.2. Обуката за изучување на англиски јазик опфаќа посетување на предавање кое ќе го вршат професори по Англиски јазик.
    1.3. Обуката ќе содржи 80 часови односно 40 блок часови.
    1.4. Трошоците за обука за изучување на англиски јазик ќе се обезбедуваат од Буџетот на општините.

    2.ПРАВО НА УЧЕСТВО НА ЈАВНИОТ ПОВИК

    2.1. Право на учество на јавниот повик имаат сите такси возачи вработени во правни лица лиценцирани за такси дејност од општините во Република Македонија и кои ги исполнуваат следниве услови :
    – да не се постари од 62 години
    – да се вработени како такси возачи.
    2.2. Пријавените кандидати ќе бидат известени за периодот, местото и условите за одржување на обуката за изучување на англиски јазик.

    3.НАЧИН И РОК НА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПРИЈАВА

    3.1. Лицата од точка 2 поднесуваат електронска пријавана следната маил адреса: avtotaksivozac@mtc.gov.mk
    3.2. Електронската пријава е достапна на интернет страниците www.mtc.gov.mkи www.zels.org.mk
    Кон пријавата се доставува следнава документација:
    – копија од лична карта во скенирана форма
    – копија од М1/М2 образец за лицето што се пријавува.во скенирана форма
    – задолжителнo да се наведе општината во која што врши дејност такси возачот

    3.3. Пријавите можe да се достават во рок од 45 дена од денот на објавувањето на јавниот повик.

    Образецот на пријавата кој треба да го испратите на наведената адреса можете да го симнете тука.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Дневен ред за 31-ва седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Втора форумска сесија за Буџет на Општина Пехчево за 2025 година

    По оддржувањето на втората форумска сесија за Буџет на...

    Едукативна презентација од полициски службеници од ОВР Берово: „Правила за малите пешаци“

    Едукативна презентација од полициски службеници од ОВР Берово: „Правила...

    Покана за втора форумска сесија за буџетот на Општина Пехечево за 2025

           Почитувани граѓани,        Вашето мислење е важно!        И Вие...