8.1 C
Pehčevo

    Покана за информативна средба

    Датум:

    opstinsko korisna rabota Грб на општина Пехчево

    Почитувани,

    Со цел да добиете повеќе информации за Програмата Општинско-корисна работа 2014 година и Јавниот оглас за евидентираните невработени лица за вклучување во програмата Општинско-корисна работа објавен на 15.05.2014 година, Ве покануваме на Информативна средба во организација на Општина Пехчево, МТСП – Канцеларија за материјални давања Пехчево и АВРМ – Подрачна канцеларија Пехчево.

    Програмата Општинско-корисна работа е неменета да обезбеди социјална вклученост преку работно ангажирање со скратено работно време за невработени лица кои потешко се вклучуваат на пазарот на труд заради стекнување на одредени вештини и нивно постепено вклучување на пазарот на труд.

    Со оваа програма се планира да бидат опфатени невработени лица – активни баратели на работа од територијата на општина Пехчево кои потешко се вклучуваат на пазарот на труд преку нивно ангажирање за спроведување на активности на локално ниво.

    Информативната средба претставува можност, заинтересираните лица дополнително да се информираат за Програмата Општинско-корисна работа 2014 година и имплементацијата на проектот “Патронажна служба за помош и нега на стари и изнемоштени лица во домашни услови – нова форма на социјална услуга во општина Пехчево”.

    На информативната средба покрај претстваници од општина Пехчево, ќе бидат присутни и претставници од МТСП, Меѓуопштински центар за социјални работи Берово и АВРМ, Биро за вработување Берово.

    Настанот ќе се оддржи на 22 Мај 2014 година (четврток) со почеток во 12:00 часот во просториите на Домот на културата Јане Сандански Пехчево (Кино сала).

    Детални информации за Информативната средба можат да се добијат во општина Пехчево кај лицето Љупчо Каракашовски, Општински координатор за Програмата Општинско-корисна работа на Тел: 033 441 321 и Моб: 075 467 503, Работниот клуб на АВРМ, Биро за вработување Берово и Подрачната канцеларија на АВРМ во Пехчево и на следната интернет адреса: www.pehcevo.gov.mk

     

    ДНЕВЕН РЕД

    12:00 – 12:10  Поздравно обраќање

    – Игор Поповски – Градоначалник на општина Пехчево

    – Зоран Златковски – претставник од МТСП, МЦСР Берово

    – Љупчо Димитровски – претставник од АВРМ, Биро за вработување Берово

    12:10 – 12:40  Презентација на Програмата Општинско – корисна работа 2014

    – Љупчо Каракашовски – Општински координатор за Програмата Општинско – корисна работа

    12:40 – 13:00  Прашања и одговори

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Дневен ред за 31-ва седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Втора форумска сесија за Буџет на Општина Пехчево за 2025 година

    По оддржувањето на втората форумска сесија за Буџет на...

    Едукативна презентација од полициски службеници од ОВР Берово: „Правила за малите пешаци“

    Едукативна презентација од полициски службеници од ОВР Берово: „Правила...

    Покана за втора форумска сесија за буџетот на Општина Пехечево за 2025

           Почитувани граѓани,        Вашето мислење е важно!        И Вие...