-1.9 C
Pehčevo

    Се одржа тркалезна маса на тема ,, Воведување на нови мерки за социјална заштита во општина Пехчево ’’

    Датум:

    Тркалезна маса градинка

    Во просториите на ОЈУДГ ,, 7 Септември ’’ – Пехчево, се одржа тркалезна маса на тема ,, Воведување на нови мерки за социјална заштита во општина Пехчево ’’.

    Тркалезната маса беше организирана по повод завршувањето на првиот дел од имплементацијата на програмата општинско корисна работа во рамки на проектот ,, Промовирање на одржливи вработувања II ’’ и поддршка на Владата во спроведување на Оперативен план за активни мерки на пазарот на трудот за 2013 година, односно успешната реализација на проектот ,, Детски јасли – нови социјални услуги во општина Пехчево ‘‘.

    Во просториите на ОЈУДГ ,, 7 Септември ’’ - Пехчево, се одржа тркалезна маса на тема ,, Воведување на нови мерки за социјална заштита во општина Пехчево ’’.

    На тркалезната маса присуствуваа претставник од Агенцијата за вработување, претставник од подрачната канцеларија при Министерството за труд и социјална политика, советници на општината, вработени во детската градинка и родители на децата.

    Тркалезната маса се состоеше од 5 сесии на кои свое обраќање пред присутните имаше градоначалникот на општина Пехчево, Игор Поповски, проект координаторот Љупчо Каракашовски и директорката на градинката Гордана Вазлиска.

    Во рамки на проектот беа презентирани потенцијалите на програмата Општинско корисна работа, искуствата од реализација на проектот ,, Детски јасли – нови социјални услуги во општина Пехчево и состојбата со социјалната заштита.

    Проект координаторот и советник во одделението за ЛЕР, Љупчо Каракашовски најави дека започнува уште еден проект насловен ,, Патронажна служба за помош и нега на стари и изнемоштени лица во домашни услови – нова форма на социјална услуга во општина Пехчево’’.

    Проектот ќе овозможи бенефит за шестмина активни баратели на работа кои ќе им овозможат на старите и изнемоштени лица помош и нега .

    На крајот градоначалникот Поповски на трите негователки кои беа вклучени во проектот им додели благодарници за успешно завршената работа.

    Во просториите на ОЈУДГ ,, 7 Септември ’’ - Пехчево, се одржа тркалезна маса на тема ,, Воведување на нови мерки за социјална заштита во општина Пехчево ’’.

    Инаку, општината Пехчево по потпишувањето договор за соработка со УНДП изврши реновирање на просториите за детски јасли и кадровски ја доекипира градинката „7 септември“ со уште три негувателки, со што се создадоа услови за проширување на дејноста на општинска јавна установа за згрижување деца до две годишна возраст.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Дневен ред за 31-ва седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Втора форумска сесија за Буџет на Општина Пехчево за 2025 година

    По оддржувањето на втората форумска сесија за Буџет на...

    Едукативна презентација од полициски службеници од ОВР Берово: „Правила за малите пешаци“

    Едукативна презентација од полициски службеници од ОВР Берово: „Правила...

    Покана за втора форумска сесија за буџетот на Општина Пехечево за 2025

           Почитувани граѓани,        Вашето мислење е важно!        И Вие...