Претседателот на Советот на Општина Пехчево, Стојче Стефановски донесе решение за свикување на седмата седница на советот.
7-ма седница на Советот на Општина Пехчево е закажана за среда 14.05.2014 година, со почеток во 14 часот.
Седницата ќе се оддржи во салата за состаноци на општина Пехчево, со предлог на следниот:
ДНЕВЕН РЕД
1. Предлог-Одлука за ребаланс на буџетот на општина Пехчево;
2. Предлог- Одлука за усвојување на кварталниот извештај за општина Пехчево прв-квартал;
3. Предлог-Одлука за давање на користење Спортската сала ,,Јане Сандански,, на ООУ ,,Ванчо Китанов,,- Пехчево;
4. Предлог-Одлука за давање на согласност на одлуката на наставничкиот совет на ООУ Ванчо Китанов Пехчево за прогласување на патронен ден на училиштето 21 мај-денот на смртта на херојот Ванчо Китанов;
5. Предлог-Одлука за именување на членови на Комисија за заштита на правата на пациентите;
6. Предло-Одлука за продавање на движна ствар-службено возило Марка БМВ, 323 ci година на произвоство2000 со регисарски таблици St-855-ti во сопственост на општина Пехчево;
7. Предлог одлука за купување движна ствар-службено возило за потребите на општина Пехчево;
8. Инфомација-Мапирање на критични водени површини за превентивна дезинсекција на тереторијата на општина Пехчево ( Совет за јавно здравје на општина Пехчево);
9. Разгледување и усвојување на Предлог Општинска Стратегија за климатски промени, со климатски профил на општината и општински инвентар на стакленички гасови, кои се составен дел од стратегијата;
10. Разгледување и усвојување на СЕА (Стратегиска оценка на влијание врз животната средина) на општинската Стратегија за Климатски Промени;
11. Усвојување на Мониторинг група за Спроведување на Општинската Стратегија за Климатски Промени;
12. Предлог-Одлука за донирање на книжен фонт, сопственост на општина Пехчево на ОУМБ ,,Кочо Рацин”-Пехчево;
13. Предлог-Одлука за користење на просторот пред деловните простории за вршење на дејности;
14. Предлог-Одлука за изменување и дополнување на ДУП (Детален урбанистички план) за туристички локалитет вон населено место ,Равна Река,;
15. Предлог-Одлука за усвојување на предлог план за ДУП (Детален урбанистички план) на дел од Пехчево за дел од блок 1, дел од блок 2 блок 4 и блок 5 место викано Чуката, КО Пехчево;
16. Барања од граѓани;
17. Советнички прашања;
18. Тековни активности.
Со почит,
Совет на општина Пехчево
Претседател
Стојче Стефановски с.р.