8.7 C
Pehčevo

    Започна реализацијата на големата еколошка акција ,, Македонија земја на цвеќето – земја на розите ’’

    Датум:

    Општина Пехчево во соработка со Министерството за животна средина, денеска на првиот ден од пролетта, ја почнаа големата еколошка акција ,, Македонија земја на цвеќето - земја на розите ’’. Кампањата се организира по повод денот на пролетта.

    Општина Пехчево во соработка со Министерството за животна средина, денеска на првиот ден од пролетта, ја почнаа големата еколошка акција ,, Македонија земја на цвеќето – земја на розите ’’. Кампањата се организира по повод денот на пролетта.

    Проектот има цел на национално ниво да ги претвори урбаните средини во вистински цветни градини кои го прочистуваат загадениот воздух и создаваат визуелно-естетски рај за сетилата.

    Општина Пехчево акцијата ,, Македонија земја на цвеќето – земја на розите ’’ ја реализираше во координација со Еко – одборот при ООУ ,, Ванчо Китанов ’’ со останатите ученици и вработените во училиштето. Тие денес организираа изложбена продажба на цвеќиња од различен материјал, изработени од вредните раце на децата и вработените со многу љубов и внимание.

    Општина Пехчево во соработка со Министерството за животна средина, денеска на првиот ден од пролетта, ја почнаа големата еколошка акција ,, Македонија земја на цвеќето - земја на розите ’’. Кампањата се организира по повод денот на пролетта.

    Со купување на предмет изработен од детските раце на учениците, голем број на луѓе излегоја и ја поддржаа акцијата ,, Македонија земја на цвеќето- земја на розите“, чија цел е Македонија да стане земја на розите и помогнаа учениците да можат да купат садници на рози и да ги засадат во училишниот двор.

    Општина Пехчево во соработка со Министерството за животна средина, денеска на првиот ден од пролетта, ја почнаа големата еколошка акција ,, Македонија земја на цвеќето - земја на розите ’’. Кампањата се организира по повод денот на пролетта.

    Меѓу нив беше и градоначалникот на општина Пехчево Игор Поповски кој ги посети штандовите во центарот на Пехчево и со купување на цвет изработен од детските раце ја поддржа акцијата.

    -Заштитата на животната средина ужива, како што е општо познато, висок приоритет во нашата општина  и во развојната стратегија на општината. Во таа смисла секоја активност што е во функција на таквите цели не е само добредојдена, туку заслужува полна поддршка. Токму поради тоа, општина Пехчево одлучи да ја поддржи акцијата и им се заблагодарувам на сите учесници -истакна градоначалникот Поповски.

    Општина Пехчево во соработка со Министерството за животна средина, денеска на првиот ден од пролетта, ја почнаа големата еколошка акција ,, Македонија земја на цвеќето - земја на розите ’’. Кампањата се организира по повод денот на пролетта.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Eднодневен тренинг на тема: „Основи на велосипедизмот ( теорија и пракса )“

    Денеска Општина Пехчево во соработка со ООУ „Ванчо Китанов“...

    Проектот „Направи разлика“

            Денес Фондацијата за развој на заедницата од Штип...

    Прием на првачињата во детската светска организација во ООУ „Ванчо Китанов“ – Пехчево

    По повод Светската недела на детето, денес Градоначалникот на...

    Дневен ред за 29-та седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...