7 C
Pehčevo

    Известување до граѓаните на општина Пехчево за јавна расправа ,, Локална стратегија за климатски промени за Општина Пехчево ’’

    Датум:

    Врз основа на член 4 од Уредбата за учество на јавноста во текот на изработката на прописи и други акти, како и планови и програми од областа на животната средина („Службен весник на Република Македонија“ бр. 147/08, 45/11), градоначалникот на Општина Пехчево, го објавува следното известување:

     • За организирање Јавен увид и Јавна расправа по Извештајот за стратегиска оцена на животната средина за ПД – локална стратегија за климатски промени за Општина Пехчево

               Извештајот за Стратегиска оцена на животната средина за ПД – локална стратегија за климатски промени за Општина Пехчево, е ставен на Јавен увид на нашата веб страна во периодот од 07.03.2014 до 07.04.2014 година од каде може да се превземе, а може да се разгледа и во просториите на Општина Пехчево секој работен ден од 08 до 16:00 часот.

     Општина Пехчево ја информира засегнатата јавност дека во текот на 30 дена од денот на објавувањето на горенаведениот документ, може да се доставува мислење по истиот, по електронски пат на e-mail: opstina_pehcevo@t-home.mkили zivkokalikov@yahoo.com по пошта или преку архивата на Општина Пехчево.

    Се известуваат граѓаните и правните лица на Општина Пехчеводека ЈАВНАТА РАСПРАВА ќе се одржи на ден 24. 03. 2014 година  со почеток во 11 часот во просториите на Општина Пехчево.

    MS-Word-2-icon Извештај за стратегиска оцена на животната средина

    пдф Мислење по Извештај за стратегиска оцена на животната средина

    MS-Word-2-icon Формулар за учество на јавноста

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Посета на фабриката Росенбауер во Горна Радгона, Република Словенија

    Посета на фабриката Росенбауер – Инвестиција во безбедна иднина...

    Посета на регионалната депонија CEROP – Република Словенија

    Посета на регионалната депонија CEROP – Република Словенија Градоначалникот Александар...

    Градоначалникот на Општина Пехчево Александар Китански, оствари работна посета на Помурската стопанска комора во Словенија

    Денес Градоначалникот на Општина Пехчево Александар Китански, оствари работна...

    Дневен ред за 35-та седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...