11.7 C
Pehčevo

    ООУ ,,Ванчо Китанов,,- Пехчево со подршка од општина Пехчево ќе организира крос натпревари

    Датум:

    Зграда на општина Пехчево

    Во согласност со Акцискиот план за реализација на масовни спортски активности за зголемување на нивото на вклученост на учениците во системот на натпревари и спортски активности од училишниот спорт во 2014 година, ООУ ,,Ванчо Китанов,, – Пехчево со подршка од општина Пехчево на ден 28.03.2014 година (петок) во периодот од 12:00 до 14:00 часот ќе организира крос натпревари.

    Во крос натпреварот ќе учествуваат ученици од V (петто) до VIII (осмо) одделение од ООУ ,,Ванчо Китанов,, – Пехчево и дисперзираните паралелки – Пехчево при ОСУ ,,Ацо Русковски,, Берово од  I (прва) до IV (четврта) година поделени во екипи. Екипите ќе бидат составени со ученици од V (петто) до VIII (осмо) одделение женски и машки и од  I (прва) до IV (четврта) година ученици женски и машки, а ќе се натпреваруваат во крос натпревар.

    Во првата трка ќе се натпреваруваат учиниците од V (петто) до VIII (осмо) одделение: (женски) = 500 метри, додека во втората трка ќе се натпреваруваат учениците од V (петто) до VIII (осмо) одделение (машки) = 500 метри.

    Во третата трка ќе учествуваат учениците од I (прва) до IV (четврта) година (женски) = 500 метри, а во четвртата и последна трка ќе се натпреваруваат учениците од I (прва) до IV (четврта) година (машки) = 500 метри.

    Целиот натпревар е планиран да заврши со избор на трите најдобри во сите категории посебно. Победниците во рамките на крос натпреварот ќе им се доделат награди и тоа: Првата награда ќе изнесува 1500 денари, за второто место се предвидени 1000 денари, а натпреварувачите кои ќе го освојат третото место ќе добијат 500 денари.

    Целта на спортските активности е да се развие спортскиот дух кај учениците, да се дружат, забавуваат и да спортуваат заедно големите и малите ученици од различни училишта во општината.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    РЕШЕНИЕ за одобрување проектна програма

    Градоначалникот на Општина Пехчево, решавајќи по предлогот за одобрување...

    ЈАВЕН ПОВИК за член на Управен одбор во ЈКП ,,Комуналец” Пехчево

    ЈАВЕН ПОВИК за пријавување на лица - за член на Управен одбор...

    Дневен ред за 13-та седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Jавна расправа по Нацрт-Просторниот план на Република Северна Македонија 2040

    Почитувани, Центарот за развој на Источниот плански регион во име на Министерството...