-1.9 C
Pehčevo

    Известување од градоначалникот Поповски за покачувањето на цената на водата

    Датум:

    Градоначалник Пехчево

    Почитувани сограѓани,

    Покачувањето на цената на водата во Пехчево е неопходен и економски потребен потег кој се наметнуваше подолго време како единствено решение за покривање на тековните трошоци поврзани со водоснабудвањето во Пехчево. За квалитетна вода за пиење, за одржување на реконструираната филтер- станица, трошоците за струја, хлор и сл.,потребно е тие трошоци да ги покриеме ние граѓаните на Пехчево. Ценам дека зголемување на цената на водата од 8,8 денари е минимално, но потребно и за нормално функционирање на ЈКП Комуналец, претпријатие коешто е наш сервис и работи за потребите на граѓаните.Со оваа нова цена,Пехчево и понатаму ќе има најевтина вода за пиење во цела земја.По нашите пресметки со пакучавњето на цената на водата тоа би чинело не повеќе од 100 денари по фамилија.

    Во оваа прилика би сакал да ве потсетам на активностите кои ги правиме за целосна реконструкција на филтер-станицата и монтирање на регулаторни вентили. За да се справиме со катастрофата и да го заштитиме населението од евентуални болести, односно адаптација на филтер станицата од последиците на климатските промени што вклучува опремување на лабораторија и монтирање на регулаторни вентили, додека наскоро ќе започнат и со изградба на нов таложник за прочистување на водата, така што во најскоро време ќе се реши проблемот со нечистата вода за пиење во општина Пехчево.

    Со почит,                                                                                                         Градоначалник на општина Пехчево

                                                                                                                                                       Игор Поповски

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Дневен ред за 31-ва седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Втора форумска сесија за Буџет на Општина Пехчево за 2025 година

    По оддржувањето на втората форумска сесија за Буџет на...

    Едукативна презентација од полициски службеници од ОВР Берово: „Правила за малите пешаци“

    Едукативна презентација од полициски службеници од ОВР Берово: „Правила...

    Покана за втора форумска сесија за буџетот на Општина Пехечево за 2025

           Почитувани граѓани,        Вашето мислење е важно!        И Вие...